Обуки

Обука за новиот закон за јавни набавки

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА

Новиот Закон за јавните набавки (07-08-09.02.2019 ГОДИНА) - Сандански, Р. Бугарија

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА ДОГОВОРНИ ОРГАНИ, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Предлог Законот за јавните набавки влезе во собраниска процедура на 24.12.2018 година, а  се предлага примена од 1 април 2019 година. Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе престане да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14,180/14, 192/15, 120/16 и 167/17). Новиот Закон за јавните набавки се базира на начелата на слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност.

Причините за изработка на новиот Закон за јавните набавки произлегува од потребата за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија и стратешките приоритети на Република Македонија за членство во ЕУ. Новиот закон е во сличен обен како и актуелниот. Новините се однесуват на терминологијата и новите постапки кои се предвидуват во Директивите, како и критериумот за избор на најповолна понуда. Вредносните прагови за спроведување на постапките се зголемуваат и ќе претставуваат големо олеснување за договорните органи при набавки на стоки, услуги или работи. Правната заштита се предвидува да биде целосно усогласена со Директивата за правна заштита на ЕУ, односно се менува начинот на изјавување на жалба до Државната комисија за јавни набавки. Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки добиваат нови надлежности кои ќе бидат задолжителни за договорните органи.

Главни теми на обуката ќе бидат:

Новиот закон за јавните набавки

  • краток осврт на новиот нацрт-закон;
  • основни начела на кои се темели Законот за јавните набавки
  • претходна контрола и мислење за постапки со преговарање (нови надлежности на БЈН);
  • нови постапки и начини на доделување на договори за јавни набавки;
  • нови вредносни прагови за доделување на договор;
  • критериуми за избор на најповолна понуда и критериуми за способност;
  • новини во правната заштита и начин за изјавување на жалба;
  • надлежности на Државната комисија за јавни набавки;
  • извршување на договорот и новините поврзани со плаќањата кои произлегуваат од реализаијата на договорот

Обуката ке се реализира од страна на експерт - предавач  докажани во својата од својата област со долгогодишно работно искуство од областа на јавните набавки: 

Александар Блажески  - Сертифициран обучувач за јавни набавки

Во прилог

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 01.02.2019

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages