Обуки

Обука за новиот Закон за јавни набавки и негова примена

ПОКАНА ЗА ОБУКА на ТЕМА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА

Што предвидува НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда

10.04.2019 СТРУМИЦА Регион 1 Источна Македонија  

 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки. Законот за јавните набавки беше донесен на 28.01.2019 година, а  ќе почне со примена од 1 април 2019 година. Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе престане да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14,180/14, 192/15, 120/16 и 167/17). Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

TEMA 1 - Новини предвидени во Новиот -закон за јавните набавки

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Извршување на договорот и новините поврзани со плаќањата кои произлегуваат од   реализаијата на договорот
  • Утврдување на способност;
  • Критериуми за избор на најповолна понуда;
  • Огласи и известувања
  • Евалуација на понуди

TEMA 2 Постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со Предлог-законот

  • Видови постапки во согласност со Предлог-законот;
  • Е - пазар- нов систем на набавки од мала вредност;
  • Нови вредносни прагови за спроведување на постапки
  • Видови на постапки и нови прагови за постапките и постапка за набавка од мала вредност
  • Нова поедноставена отворена постапка;
  • Конкурентна постапка со преговарање – во кои случаи може да се користи и начин на спроведување на постапката;
  • Нови надлежности на БЈН (управна контрола и мислења за постапки со      преговарање)
  • Воведување на динамичен систем за набавки – начин, услови и постапка за негова примена;

Правна заштита и претходна контрола од страна на Бирото за јавни набавки

Нови надлежности на ДКЖЈН

  • Претходна контрола на тендерска документација;
  • Задолжително мислење од Бирото за јавни набавки за користење постапка со преговарање без објавување на оглас;
  • Најзначајни интервенции во Предлог-законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.

Новиот Закон за јавните набавки се базира на начелата на слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност. Причините за изработка на новиот Закон за јавните набавки произлегува од потребата за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија и стратешките приоритети на Република Македонија за членство во ЕУ. Новиот закон е во сличен обен како и актуелниот. Новините се однесуват на терминологијата и новите постапки кои се предвидуват во Директивите, како и критериумот за избор на најповолна понуда. Вредносните прагови за спроведување на постапките се зголемуваат и ќе претставуваат големо олеснување за договорните органи при набавки на стоки, услуги или работи. Правната заштита се предвидува да биде целосно усогласена со Директивата за правна заштита на ЕУ, односно се менува начинот на изјавување на жалба до Државната комисија за јавни набавки. Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки добиваат нови надлежности кои ќе бидат задолжителни за договорните органи.

 

Обуката ке се реализира од страна на експерти - предавачи  докажани во својата од својата област со долгогодишно работно искуство од Бирото за јавни набавки

Пријавата за обуката ја правите преку електронски пат со пополнување на пријава за учество на обуката најдоцна до 05.04 2019год. и враќање на истата на

e- меил trainingcenterces@gmail.com:

 

Котизација за обуката по лице без вклучен ддв ................. .. 3500,00 денари (Во цената не е пресметан данокот на додадена вредност). Уплатата за котизација се врши на сметка на „ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС  ДООЕЛ СКОПЈЕ 330100168970882 Капитал банка, со назнака - Котизација еднодневна обука-јавни набавки   Уплатата се врши  по добиена фактура

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не

  • Бранкица Бошковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил-  trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages