Обука за последните измени и примена на законот за работни односи

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ, ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊА, ГОДИШНИ ОДМОРИ И ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НИЗ ПРИЗМА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ИНСПЕКТОРАТОТ НА ТРУД

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите

Обуката  ке се одржи  на датум:  07.12.2018 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката ке се реализира  од страна на експерти - предавачи  докажани во својата од својата област со долгогодишно работно искуство:

  • Проф. Д-р. Лазар Јовевски Професор по трудово право
  • Амир Имери – државен инспектор за труд. раководител на одделение.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Проф. Д-р. Лазар Јовевски – Актуелни прашања  и дилеми во врска со измените на Законот за работни односи од јуни 2018 година

  • постапка за вработување
  • откажување на договорот за вработување од лични причини и вина
  • откажување на договор за вработување од деловни причини
  • плати и надоместоци
  • годишен одмор
  • приправници
  • ноќна работа

Амир Имери – Инспекциски надзор кај вработените во јавниот сектор

  • Последните измени и дополнувања од Законот за работните односи од аспект на Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно надминување
  • Практичен осврт на прекршочна постапка
  • Тек на прекршочна постапка и одмерување глоби
  • Најчести пропусти утврдени од Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно порамнување
  • Обврски на инспекторот на труд при вршење на надзор

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 04.12 .2018

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

 

Обуки

Pages