Обука за последните измени на законот за работни односи

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА

ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ, ДОГОВОРИ ЗА ВРАБОТУВАЊА, ГОДИШНИ ОДМОРИ И ИСКУСТВА ОД ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ НИЗ ПРИЗМА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ИНСПЕКТОРАТОТ НА ТРУД

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите

Опфатени теми

  • Тема 1 - Договори за вработување
  • Тема 2 - Годишни одмори во јавниот сектор, платени и неплатени отсуства од работа
  • Тема 3 - Платени и неплатени отсуства од работа
  • Тема 4 - Пробна работа, приправници, работа во смени
  • Тема 5 - Насоки за адекватна примена на Закон за инспекциски надзор
  • Тема 6 -  Искуства од примена за Законот за работни односи низ призма на работата    на Државниот инспекторат за труд
  • Тема 7 - Искуства од судската пракса од примената на Законот за работни односи

Обуката ке се одржи на датум:  22-23-24  Ноември во Благоевград, Р. Бугарија. Обуката ке се реализира  од страна на експерти- предавачи  докажани во својата од својата област со долгогодишно работно искуство:

М-р Едита Насковска - судија на Управен суд на Република Македонија

Павлина Попоска- судија на Основен суд - Скопје 2

 

Во прилог на овој меил:

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата.

Краен рок на доставување на пријавите е 15.11.2018!

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages