Обуки

Обука за практична примена на новиот Закон за општа управна постапка

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство . ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА ОБУКА НА ТЕМА:

Практична примена на новиот Закон за општа управна постапка во корелација со Законот за прекршоци и Законот за инспекциски надзор во постапките за инспекциски надзор и прекршочна постапка

12.02.2020  год. во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за инспектори од инспекциските служби на Република Северна Македонија, адвокати, раководители на инспекциските служби од општините, инспекциски служби од министерствата. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите...

Програма на обуката

1. Примена на Закон за општа управна  постапка (ЗОУП)

  • Предмет на уредување и примена на ЗОУП
  • Основни начела на ЗОУП
  • Надлежност на водење на постапката
  • Комуникација
  • Рокови
  • Поведување на управна постапка, докажување, известување и достава
  • Управни дејствија

2. Примена на Законот за прекршоци (ЗП)

  • Што е целта на новото законско решение - првенствено намалување на прекршочните глоби и подобрување на ефикасноста на прекршочната постапка.
  • Што предвидува новиот ЗП во однос на глобите за физички и правни лица.
  • Изрекувањето на опомена со новиот ЗП пред да биде изречена глоба се воведува како правило.
  • усогласување на сите материјални закони во правец на нивно усогласување со предвидената висина на глобите во Законот за прекршоците.
  • Со новиот закон се определуваат општите услови за пропишување на прекршоците, и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишува прекршочната постапка што ја водат судовите и прекршочните органи.

3. Примена на Законот за инспекциски надзор (ЗИН)

  • Предмет и примена на ЗИН
  • Основни начела на ЗИН
  • Надлежности на Инспекторите (Права и обврски)
  • Права и обврски на субјектот на инспекцискиот надзор
  • Постапка за поведување на инспекциски надзор (Видови на инспекциски надзор)
  • Супсидијарна примена на ЗОУП, во инспекциска постапка

 

Предавачи:

-           Филип Камчев – Советник во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен,

-           Николче Крстевски – Советник во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

-           Јован Николов - Советник во Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces2@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 07.02.2020. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages