Обуки

Обука за практична примена на Закон за работни односи во Охрид

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА

ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ СО ПОСЕБЕН АКЦЕНТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО И ЈАВНИТЕ ДЕТСКИ УСТАНОВИ

Обуката ке се одржи на датум: 10.04.2019 во ОХРИД во организација на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори, правници, секретари , човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика од областа на образованието и јавните детски установи, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира од страна на експерт - предавач докажан во својата област со долгогодишно работно искуство во јавниот сектор  Советник за општи и  нормативно правни  работи _Мерлина Толевска

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

“Практична примена на законот за работни односи во следните области:  договор за вработување; права и обврски од работен однос; начини на престанок на работен однос; постапка при отказ од деловни причини;Последните измени и дополнувања на Законот за работните односи (Сл. весник на РМ 120/18)”:

1. Заштита на правата на работниците

  • Проширување на правата на заштита на работниците со договор за вработување на определено време
  • Зголемување на правото на информираноста за работничките права преку воведување на задолжителните компоненти на основот за засновање на работниот однос
  • Воведување на дополнителни механизми на  заштита на правата од работен однос за младо лице
  • Зголемување на флексибилноста на условите за обезбедувања на потребата од работници

2.2 Договори за вработување – М1/М2 и општи и правни работи

  • Договор за вработување (основни елементи, форма, содржина, склучување, измени и престанување на важност на договор)
  • Објавување на оглас за ново вработување
  • Раскинување договор за работа
  • Пријавување во задолжително социјално осигурување (М1)
  • Одјавување од задолжително социјално осигурување (М2)
  • Изработување на договори (елементи на договори)
  • Решение за годишен одмор; Користење на годишен одмор (услови)
  • Дописи, известувања, одлуки (форма и елементи)
  • Запознавање со Законската регулатива поврзана со човечки ресури

3. Откажување на договор за вработување

  • Воведување на дополнителна заштита со намалување на роковите во кои може да се бара одговорност по основ на вина на работникот
  • Предупредување како дополнителен услов пред откажување на договорот за вработување од лични причини
  • Воведување на дополнителни критериуми при откажување на договорот за вработување од деловни причини
  • Обезбедување на поголема заштита во случај на откажување на договорот за вработување од деловни причини во случаите кога ќе се јави потребата за работник  за укинатите работни места
  • Обезбедување на поголема испратнина по однос на откажување на договорот за вработување од деловни причини.

4. Пробна работа, приправници, работа во смени

  • Проширување на правата од работен однос на работник на пробна работа
  • Проширување на правата од работен однос на работник приправник
  • Дополнителна заштита на работникот што е ангажиран за работа во смени

5. Годишни одмори во јавниот сектор, платени и неплатени отсуства од работа

  • Паузи за време на работното време, дневен и неделен одмор
  • Годишни одмори во јавниот сектор
  • Платени и неплатени отсуства од работа

6. Плата и надоместоци на плата

  • Плата, работна успешност и и додатоци на плата
  • Минимална плата
  • Надоместување на трошоци поврзани со работа согласно Законот за работните односи

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. 

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 08.04.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефан Ангелевски
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages