Обуки

Обука за проблемите кои се соочуваат економските оператори при учество во јавни набавки

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство . ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА ОБУКА НА ТЕМА:

Проблеми со кои се соочуваат економските оператори при учество во постапките за јавни набавки во однос на дефинираните критериуми за утврдување на способност, економски најповолна понуда, технички спецификации и правото на жалба согласно Законот за јавни набавки - 18.02.2020  год. во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

Програма на обуката

Престроги критериуми за утврдување на способност, стандарди за системи за квалитет и економска и финансиска состојба

  • начин на намалување на престрого поставените критериуми преку прашање или со поднесување на жалба
  • крајна цел креирање на критериуми согласно потребите на договорниот орган и рамноправно учество во постапката за јавна набавка на економските оператори кои сакаат да пријават учество во постапката

Дефинирани на технички спецификации

  • Можност да се отстранат одредени упатувања на конкретен производител, Барани стандарди за производите
  • Начин на обезбедување на документација од надлежна акредитирана лабараторија за специфични стоки
  • Деливост на набавката

Економски најповолна понуда

  • Правилен сооднос помеѓу цена и квалитет
  • Што може да биде дефинирано во квалитет согласно ЗЈН
  • Истражување на пазар со цел правилно дефинирање на бараниот квалитет

Можности кои ги нуди ЕСЈН при поднесување на понуда

  • Следење на јавно отварање на понудите, Записник од јавно отварање, Документација од евалуација на понудите, досие на учество на завршени постапки
  • Увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна

Начин на спроведување на постапка за јавна набавка

  • разработка на постапка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како најкористени постапки од страна на договорните органи

Правна заштита

  • принцип на е-жалба
  • начин на доставување на жалба
  • битни повреди на законот
  • одлучување на ДКЖЈН во жалбена постапка

      ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ - Работилница

      ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ - Работилница

  • Изготвување на понуда
  • Изготвување на жалба и постапување во жалбена постапка

Пополнување на евалуациски листи и Доделување сертификати

 

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможуваконсалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да нисе обратитеза секое прашање или дилема поврзаносо темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидатадресирани на меил адресата trainingcenterces5@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 

Краен рок на доставување на пријавите е 14.02.2020. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages