Обуки

Обука за продажни техники и вештини

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА НА ТЕМА

ПРОДАЖНИ ТЕХНИКИ И ВЕШТИНИ

Обуката  ке се одржи  на 28.05.2019 година во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за продажни агенти, супервизори на продажба, раководители на продажба, посредници во продажба, продажни тимови,  искусни продавачи кои сакаат да ги надоградат своите вештини за продажба и ефективно да го искористат своето време најефективно,  како  и за поединци кои сакаат да се стекнат со напредни знаења од оваа област и ги осовременат и комплетираат своите продажни техники и вештини. Обуката ке се реализира  од страна на експерт – предавач со долгогодишно работно искуство - Г-дин Митко Керамитчиев.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Вовед – почетни забелешки и информации

Prospecting - Наоѓање на нови клиенти

  • 10 Prospecting методи

Квалификување

  • Квалификување дефиниција
  • Критериуми за  Квалификување – Мерки за донесување на одлуки за Квалификување
  • Квалификување/Вклучување – Одлука за инвестиција на време
  • Квалификување/Исклучување (Дисквалификување) – Одлука за истапување од продажниот процес
  • Пет полиња за Квалификување

Анализа на потреби – Прашални Техники

  1. Откривање на клиентските:

Потреби
Мотиви
Приоритети

  • SPIN Selling®  модел
  • Прерамување – Претворање на негативното во позитивно
  • Видови на прашања

Презентација

Корист vs. Карактеристика модели
Структурирана Презентација – Модел:

  • ADAPT
  • AIDA
  • SELL

Надминување на приговори и бариери во Продажбата

  • „Не сега...“
  • „Немам време...“
  • „Немаме буџет...“
  • „Скапо е...“
  • „Јавете се за х време...“
  • „Набавувам од конкуренција...“
  • „Не одлучувам јас за ова...“

Склучување (Затворање) на Продажбата

Модели,  техники и тактики за заокружување на продажниот процес

Заклучоци, Прашања и Одговори, Резиме, Затворање и Евалуација на Тренингот 

 

На обуката посебен акцент ќе биде ставен на а подобрување на ефективноста во продажбата преку:

  • Стекнување јасен увид во психолошките фактори на влијание на одлуката за купување или одбивање
  • Развивање на способност за ефикасна артикулација на карактеристиките на своето портфолио како и на користа со која се стекнува клиентот по одлуката за купување
  • Развивање на чувство да  се препознава „јазикот на потребите“ на клиентите
  • Ефективно квалификување и менаџирање на продажниот процес
  • Разбирање и имплементација на пост-продажните активности како моќна алатка за креирање на лојални клиенти

Обуката е проследена теоретски дел, вежби и примери од праксата. Секој учесник на обуката добива:

  • Сертификат за учество на обука
  • Работни материјали
  • Освежување, кафе и закуска за време на обуката

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници. Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е_24.05.2019 (петок). Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Бранкица Бошковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages