Обука за професионален и личен развој

The Training on Professional and Personal Development

Невработени лица од четири држави совладаа вештини и знаења за професионален и личен развој

Заврши првата од четирите обуки предвидени во рамките на Проектот  „Пат до вработување - развивање нови вештини и знаења за невработените лица“ реализиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С - Македонија и партнерите во проектот и тоа: Синтеа – Полска, Теза – Бугарија и Алерон – Романија како дел од стратешкото партнерство финансиски поддржано од Националната агенција заевропски образовни програми и мобилност од програмата Еразмус+.

Првата обука беше посветена на развивање вештини и знаења од областа на професионалниот и личниот развој со цел полесно вработување. Обуката се реализираше во месец јуни 2015 година во Софија, Бугарија под водство на проект партнерот Теза од Бугарија. Обуката ја посетија 16 невработени лица односно по 4 лица од секоја партнер земја вклучена во проектот.

Обуката за професионален и личен развој им овозможи на невработените лица – учесници во обуката континуирано стекнување, проширување и продлабочување на знаењето, развој на вештини и способности релевантни за успешност во рамките на професионалните и личните активности на учесниците како и развивање на креативноста за нови работни позиции преку примена на иновативни форми на учење и настава.

Учесниците на обуката се здобија  со следниве вештини и знаења:

  • Личен и професионален развој - равивање лични вештини
  • Што е мотивација и што не мотивира
  • Што е успех и како да се успее
  • Како да се направи план за личен развој
  • Процес на одлучување за кариера

Секој од учесниците во обуката доби и  Водич за професионален и личен развој изготвен како дел од подготовката на обуката од страна на сите институции вклучени во проектот.

Превземи: Прирачник за личен и професионален развој