Обуки

Обука за промените на начинот на плаќање во трезорската канцеларија и новини за е-трезор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА  НА 13.12.2019 ВО СКОПЈЕ НА ТЕМА

ПРОМЕНИТЕ ВО НАЧИНОТ НА ПЛАЌАЊЕ ВО ТРЕЗОРСКАТА КАНЦЕЛАРИЈА И НОВИНИТЕ ПОВРЗАНИ СО Е- ТРЕЗОР

13.12.2019 – СКОПЈЕ во просториите на Ц.Е.С Тренинг Центар

ЗАТОА ШТО СО НАС ЌЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ НОВИТЕ ПРОМЕНИ ВО ТРЕЗОРСКОТО РАБОТЕЊЕ

Обуката е наменетa за лица кои работат во сметководство и финансии кај Договорните органи, Министерства, Општини и други каде ќе се информираат за промените во начинот на плаќањето во Трезорската канцеларија и новините во поврзани со е-трезор. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач докажан  во својата област со долгогодишно работно искуство од областа на финансии и актуелните новини во трезорското работење

ОПФАТЕНИ ТЕМИ - ТРЕЗОРСКО РАБОТЕЊЕ

1.      Упатство за начинот на трезорското работење

Службен весник на РМ бр.219/2018 
Суштински измени
Воведување на електронско плаќање преку веб портал е-Трезор
Исклучена регулатива за водење на неизмирени обврски

2.    Осврт на одредбите во Упатството за начинот на трезорско работење

Класификација на сметки на буџетските корисници во рамки на Трезорската сметка (ТС)
Барања за плаќања што ги користат буџетските корисници
Електронско плаќање од страна на буџетските корисници
Изготвување, доставување и одобрување на годишни, квартални и месечни финансиски планови на буџетските корисници 
Уплати и исплати на сметките на буџетите и на буџетските корисници во рамки на ТС
Водење евиденција за преземени обврски

Е-Трезор (Е-плаќања)
I     РЕГИСТРАЦИЈА И УЛОГА НА КОРИСНИЦИ

1.        Регистрација на администратор-

Улога на Администраторот на институција
Регистрација на дигитален потписник
1 начин: Потпишување со самостојна апликација
2 начин: Потпишување со аплет во рамките на веб апликацијата
Регистрација на оператори на институции
Креирање на картон на потписници

2.        БУЏЕТСКИ КОРИСНИК

3.        ВНЕС НА НАЛОЗИ
БАРАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ КОН СМЕТКИ НАДВОР ОД ТРЕЗОРСКАТА СМЕТКА – образец 60
ЗБИРНО БАРАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ КОН СМЕТКИ НАДВОР ОД ТРЕЗОРСКАТА СМЕТКА – ОБРАЗЕЦ 62
БАРАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ЈАВНИ ДАВАЧКИ И ПЛАЌАЊА ПОМЕЃУ БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ - ОБРАЗЕЦ 70
БАРАЊЕ ЗА ПОВРАТ И ПРЕНОС НА СРЕДСТВА - ОБРАЗЕЦ 73
БАРАЊЕ ЗА ПЛАЌАЊЕ ПОМЕЃУ ТРЕЗОРOT И ТРЕЗОРOT НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ - ОБРАЗЕЦ 76
БАРАЊЕ ЗА ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ЈАВНИ ПРИХОДИ – ОБРАЗЕЦ 78
БАРАЊЕ ЗА ИСПЛАТА НА ГОТОВИНА – ОБРАЗЕЦ 80

4.    ВЧИТУВАЊЕ НА ДАТОТЕКА

5.    ПРЕБАРУВАЊЕ/ПРОВЕРКА НА ФОЛИО БРОЈ

6.    КОНТРОЛА И ПОТПИС

•    Контрола на потпис на поединечни барања за плаќање

•    Контрола на потпис на датотека

7.    ПОНИШТУВАЊЕ НА БАРАЊА ЗА ПЛАЌАЊЕ

•    Поништување на поединечни барања за плаќање (налози)

•    Поништување на датотеки

8.    ПРЕГЛЕД НА ВНЕСЕНИ БАРАЊА

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 08.12.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не

Обуки

Pages