Обуки

Обука за прописи и практична примена во канцелариско и архивско работење во државниот и приватниот сектор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство . ЗА ТАА ЦЕЛ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С. ВЕ ПОКАНУВА НА ОБУКА НА ТЕМА:

ПРОПИСИ И ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА ВО КАНЦЕЛАРИСКОТО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ ВО ДРЖАВНИОТ И ПРИВАТНИОT СЕКТОР

26.02.2020  год. во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач од - Државен управен инспекторат со долгогодишно работно практично искуство  во спроведување на канцелариското и архивското работење

Програма на обуката

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  • Осврт на круцијалното значење на канцелариското и архивското работење за институцијата и ефектот на истото врз севкупно работење на истата
  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
  • Најчести проблеми во работењето
  • Дискусија  примери од пракса

КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)

  • Овластувања кои треба да ги издаде функционерот односно одговорното лице а кое треба да ги поседува службеното лице кое ги извршува прописите за канцеларсико и архивско работење според прописите за канцелариско и архивско работење
  • Овластување за прием прегледување и распоредување
  • Овластување за ракување со печати и штенбили

  Штенбили и печати на еден орган

–Евиденција на печати
–Приемен штенбил
–Роковен штенбил
–Печат и др.

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

 

Основни техники во канцелариското работење:

-Водење на основната книга за евиденција – деловодник, како се водат помошните книги за евиденција,

(посебен осврт на најчести грешки во работењето и надминување на истите)

-Целата постапка на изработка  и носење на План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување, електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

 

Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)

  • Деловодник
  • Класифициран деловодник
  • Попис на акти
  • Регистри
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта

Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ (приватен и јавен сектор)

Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);

Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;

Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал

АРХИВИРАЊЕ, ЧУВАЊЕ И УНИШТУВАЊЕ НА АРХИВСКИОТ ФОНД СОГЛАСНО Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување 

  • Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
  • Одбирање и евидентирање на архивски материјал
  • Предавање на архивски материјал
  • Чување и заштита на архивски и документарен материјал
  • Обрасци за пополнување, вежби и практична примена

Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

Тест за проверка на стекнатите знаења

Евалуација на обуката и предавачите

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces2@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 21.02.2020. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages