Обуки

Обука за слободен пристап до информации од јавен карактер

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА

СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Обуката ќе се одржи на датум: 15.04.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од законот за заштита на лични податоци. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство : М-р Елена Стојановска, предавач-експерт со долгогодишно искуство од областа на достаност на информации од јавен карактер.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

 1. Начела на слободен пристап до информациите од јавен карактер

  • Зашто е важен слободниот пристап?
  • Имаме право да знаеме се  или скоро се?
  • Може да бараме одговор или информација?

2. Барање за слободен пристап до информациите од јавен карактер

  • право на граѓаните - обврска на имателите
  • кој, што, од кого и како може да бара
  • има ли разлика помеѓу документ и информација
  • примери од праксата

3.  Исклучоци од слободниот пристап до информациите од јавен карактер

  • јавен интерес или интересно за јавноста?
  • како се мери штета?
  • затворено за јавноста, но зошто?
  • примери од праксата

4.  Жалбена постапка

  • кај кого може да се пожалиме и како?
  • како до посакуваната информација?
  • што ако жалбата биде одбиена?

5.   Нов закон за заштита на личните податоци

  • очекувани промени и во законот и во праксата

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 10.04.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Бранкица Бошковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages