Обуки

Обука за службеник во сметководство

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА НА ТЕМА

СЛУЖБЕНИК ВО СМЕТКОВОДСТВО

Обуката е наменета компании и институции кои сакаат да ги обучат своите вработени во делокругот на сметководственото работење, вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата  и сите заинтересирани лица кои би сакале да работат во рамките на некое сметководствено биро или како службеници во сметководство. Обуката трае вкупно 16 доаѓања по 4 часа плус дополнителни часови за завршен испит распределени во договор со слушателите по однапред утврдена динамика во период од 2-3 месеци. Обуката ке се реализира  од страна на експерт - предавач  со долгогодишно работно практично искуство од областа

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  • Основи на сметководството;
  • Поим за сметководство, сметководствени принципи и основи на двојното сметководство;
  • Средства, обврски и капитал;
  • Поим и класификација на средствата и изворите на претпријатието;
  • Сметководствена равенка за пресметување на капиталот;
  • Содржина на сметководствен план;
  • Поим и содржина на сметководствен план;
  • Евиденција на постојаните (нетековсни) средства;
  • Поим, карактеристики и  видови на постојаните средства (нематеријални,   материјални вложувања и долгорочни финансиски  вложувања);
  • Евиденција на постојаните средства;
  • Евиденција на тековните средства (парични средства, побарувања и краткорочни финансиски вложувања); 
  • Поим, карактеристики и поделба на тековните средства;
  • Изработка и книжење на касов извештај;
  • Книжење на банков извод;
  • Евиденција на побарувањата и краткорочните финансиски вложувања;
  • Евиденција на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар;
  • Набавка на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар и нивно примање на залиха по набавна цена;
  • Оформување на документација при набавка и изработка на калкулација за пресметка на набавна цена;
  • Евиденција на готови производи;
  • Евиденција на готовите производи по цена на чинење;
  • Евиденција на  продажбата на готови   производи;
  • Евиденција на трговски стоки;
  • Евиденција на набавка на трговска стока во   магацин по набавни и продажни цени;
  • Изработка на калкулација за пресметка на набавни цени и продажни цени;
  • Евиденција на набавката на стоки во продавница;
  • Евиденција на увозот и извозот на трговски стоки;
  • Евиденција на  реализацијата на   трговски стоки на големо и мало;
  • Трошоци во претпријатие;
  • Дефинирање напоимот на трошоци;
  • Видови на трошоци;
  • Документи за трошоците;
  • Евиденција на услугите со карактер на материјални   трошоци;
  • Поим и видови на амортизацијата;
  • Методи за пресметка на амортизацијата;
  • Поим и видови на нематеријални трошоци;
  • Поим и видови на плати и надоместоци од плати;
  • Затварање на сметките на трошоци;
  • Евиденција на приходи и расходи;
  • Поим, видови и карактеристики на расходите;
  • Поим, видови и карактеристики на приходите;
  • Поим и утврдување на финансиски резултат;
  • Поим, утврдување на добивка и распределување на добивката;
  • Поим, утврдување на загуба и покривање на загубата;
  • Евиденција на капитал и резерви;
  • Дефинирање на поимот на капиталот и резервите;
  • Групирање на капиталот и резервите;
  • Евиденција на капиталот и резервите;
  • Финансиски извештај;
  • Поим и изработка на биланс на состојба (извештај за финансиската состојба);
  • Поим и изработка на биланс на успех (извештај за добивка или загуба);
  • Евиденција на годишна сметка;
  • Пресметка на даноци;
  • Поим, видови и пресметка на даноци и   даночни основи;
  • Поим и правила за книжење на сметките и  сметководствените настани.

Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите. По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за  проверка на стекнатите знаења.

Придобивки

Секој слушател работи сметководствен програм на компјутер

  • Бесплатни прирачници или книги за секој курс( контен план и практични м-ли за работа)
  • По завршување на обуката слушателите се стекнуваат со државно признаен  сертификат  за занимање “Службеник во сметководство.”

Обуки

Pages