Обуки

Обука за специфичности на Закон за работни односи

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА

Специфичности на ЗРО, годишни планови, дисциплински мерки, вработување и унапредување на административните службеници во јавниот сектор

21-22-23 март .2019 година Сандански, Р. Бугарија

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Закон за административни службеници, постапка за селекција, вработување, и унапредување на Административните службеници во јавниот сектор

Тема. 1 ГОДИШНИ ПЛАНОВИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • општи и посебни услови за пополнување на работните места. 
  • вработување на адм.службеници
  • јавен и интерен оглас
  • унапредувања и оценувања

Тема. 2 ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА ОДГОВОРНОСТ.   

  • дисциплинска неуредност
  • дисциплински престап
  • дисциплински мерки
  • застареност за поведување
  • извршување на парична казна и суспензија
  • престанок на работен однос и видови на престанок.                               

Тема 3- Платени и неплатени отсуства од работа

  • Користење на годишен одмор во случај на склучување на договор за вработување со друг работодавач
  • Актуелни прашања и проблеми во врска со платените и неплатените отсуства од работа
  • Спорови за надомест на штета од работен спор

Тема 4- Пробна работа, приправници, работа во смени

  • Проширување на правата од работен однос на работникот на пробна работа
  • Проширување на правата од работен однос на работникот приправник
  • Дополнителна заштита на работникот што е ангажиран за работа во смени

 

Специфичности на Законот за Работни Односи

Тема 1- Договори за вработување

  • Отккажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот
  • Услови за склучување на договор за вработување , форма и содржина
  • Отказ на договорот за вработување од лични причини на страна на работникот
  • Отказ поради кршење на работен ред  со или без отказен рок и спогодбен отказ
  • Колективни договори нивна примена и важност

Тема 2- Насоки за адекватна примена на Закон за инспекциски надзор

  • Организација  на инспекциските служби
  • Улогата на инспекцискиот совет

 

Тема 3 -  Искуства од примена за Законот за работни односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд

  • Последните измени и дополнувања од Законот за работните односи од аспект на Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно надминување
  • Практичен осврт на прекршочна постапка
  • Тек на прекршочна постапка и одмерување глоби
  • Најчести пропусти утврдени од Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно порамнување
  • Обврски на инспекторот на труд при вршење на надзор ( заштита на право на исплата на плата, придонеси, остуство од работа поради спреченост за работа поради болест или бременост, раќање и мајчинство, заштита на работни со скратено работно време поради болест на дете)
  • Видови на инспециски надзор
  • Примена на законот за работни односи и Закон за прекршоци при надзор и конторола

Тема 4 -  Искуства од примена на Законот за работни односи и  Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

  • стекнување и остварување на права на осигуреник
  • својство на осигуреник со бенифициран стаж
  • задолжителни придонеси за пензиско и инвалидско осигрување, пензиски стаж
  • надлежноста на агенцијата за Агенција за супервизија на капитално финасирано пензиско осигрување и новите законски измени

ПРАВНА ЗАШТИТА –

  • Тужениот орган надлежен да донесе конечен управен акт
  • Управниот суд кој одлучува по тужбата за законитиста на конечен управен акт
  • Вишиот  Управен  суд кој одлучува по жалба изјавена против одлука на Управен суд.
  • Судска практика
  • Правосилни одлуки на Управниот суд
  • Одлуките анонимизирани објавени на веб-страна

Обуката ке се реализира од страна на експерти - предавачи  докажани во својата област со долгогодишно работно искуство од областа:

  •  М-р Едита Насковска - судија на Управен суд на Република Македонија
  •  Павлина Попоска- судија на Основен суд - Скопје 2

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 15.03.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Бранкица Бошковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages