Обуки

Обука за справување со стрес и стресни ситуации на работно место

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС И СТРЕСНИ СИТУАЦИИ НА РАБОТНО МЕСТО

Обуката ке се одржи на 05.12.2019 година во просториите на Тренинг Центар ЦЕС

КОНТРОЛА НА СТРЕС (STRESS MANAGEMENT)

Стресот е најголемата опасност за секој човек кој живее во современото опкружување. Светската здравствена организација веќе има прогласено светска епидемија на болести предизвикани од стрес.
За Обединетите нации „работниот стрес“ е болест на 21 век. Стресот најдиректно ја загрозува работна ефикасност, ја блокира креативноста и способноста за разумно и објективно проценување и одлучување, нè води кон импулсивни и избрзани реакции, нè прави склони на тензично и конфликтно однесување, ја намалува способноста за објективна анализа и воочување на можностите за решавање на секојдневните проблеми.

Стресот емоционално нè блокира, ни го попречува спиењето и квалитетниот одмор, го загрозува квалитетот на нашиот приватен и семеен живот (како родители, брачни партнери и пријатели).
Како последица на долгорочната изложеност на стрес, без поседување на вештини за негово менаџирање, се појавуваат состојби на хроничен замор, изразен песимизам и незадоволство, повлекување од социјален живот, појави на изразен внатрешен немир, чувство на демотивираност, депресија, панични напади итн.

Во 2010 година, Центарот за развој на претприемачи и Менаџери – CEED ја прогласи оваа обука за најдобра во конкуренција на сите обуки кои се реализирани од многу реномирани обучувачи и обучувачки центри од Македонија и странство.

Наменета за:

Секој член на било која социјална средина кој делува под влијание на времето како ограничен ресурс или друг вид на притисоци кои предизвикуваат или можат да предизвикаат хроничен стрес

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА :

  • Ќе знаете што е навистина стресот, зошто и како се појавува
  • Ќе направите точна дијагностика на личната изложеност на стрес
  • Ќе ги препознавате симптомите на стресно реагирање во рана фаза
  • Ќе го разликувате „добриот“ од „лошиот“ стрес
  • Ќе дознаете што се тоа стресори и ќе дефинирате листа на личните стресори
  • Ќе знаете како да ги трансформирате личните стресори
  • Ќе научите конкретни техники за „прва помош“ во стресни ситуации
  • Ќе научите конкретни техники и насоки за ослободување од последиците од изложеност на стрес
  • Ќе ги подобрите вештините за менаџирање на времето
  • Ќе научите техники за релаксација, техники за дишење, вежби за истегнување и опуштање на телото, техники за влијание на мисловниот процес – позитивно размислување,техники за концентрација, техники за смирување и зголемување на самосвесноста
  • Ќе научите конкретни алатки за личен развој во насока на превенција од стрес
  • Ќе направите личен план за примена на техниките за справување со стресни ситуации и ослободување од последиците од стресот и ќе добиете стручна поддршка во реализација на планот

Обуката ке се реализира од страна на експерт - предавач со долгогодишно работно искуство

Митко Керамитчиев

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  • Дефиниција на стресот
  • Акутен vs. Хроничен стрес
  • Причинители за стресот
  • На работно место
  • Лични причинители
  • Симптоми на стресот
  • Мерење на стресот
  • Мерки за справување со стресот

Обуката е проследена теоретски дел, вежби и примери од праксата.

Секој учесник на обуката добива:

  • Сертификат за учество на обука
  • Работни материјали
  • Освежување, кафе и закуска за време на обуката

Пријавата за обуката ја правите преку електронски пат со пополнување на пријава за учество на обуката најдоцна до 01.12.2019 год. и испраќање на истата на e-меил  trainingcenterces@gmail.com

Тренинг центар ЦЕС, ул Огњан Прица бр 1-4/15, јужен булевар, www.ces.mk тел 32-32-510 или моб. 075 225-526  Еmail – trainingcenterces2@gmail.com

 жиро сметка 330100168970882 Капитал банка, ЕДБ 4030000396878

1. Котизација за обуката по лице .................................................4.700,00 денари (+ пресметан ДДВ)

2. Котизацијазаобуказавторолицеодистаинституција.................4.000,00 денари (+ пресметан ДДВ)

Уплатата за котизација се врши на сметка на „ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС ДООЕЛ СКОПЈЕ 330100168970882 Капитал банка.

ОБУКАТА КЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС

ул Oгњан Прица бр 4/1-15 на Јужен булевар (во комплексот кај Монтенегро)

За реализација на обуката потребни се минимум 10 слушатели

За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не

  • Тренинг Центар ЦЕС
  • Андријана Јаневска       
  • моб. 075 225-526 
  • Еmail – trainingcenterces2@gmail.com
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • веб сајт www.ces.mk

Обуки

Pages