Обуки

Обука за спроведување на постапки согласно проценетата вредност, критериуми за доделување договор и евидентирање на набавките

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

Спроведување на постапки согласно проценетата вредност, начин на утврдување на критериуми за способност согласно видот на постапка, утврдување на критериумот за доделување на договорот (економски најповолна понуда) и начин на евидентирање на набавките под вредносните прагови во квартална евиденција

31.01.2020 СКОПЈЕ – ВО ПРОСТОРИИТЕ НА Ц.Е.С – Тренинг Центар

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки., предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

 Вредносни прагови за спроведување постапка

  • евиденција на набавките под утврдените законски прагови и начин на нивно објавување на ЕСЈН
  • надлежности на лицето/организацискиот облик при пополнување на кварталните евиденции, известувањата за склучен договор, измени на договорот и пополнување на известување за реализиран договор

 

Надлежности на комисиите за јавни набавки/единицата за јавна набавка/одговорното лице

  • надлежностите на комисијата за јавни набавки и нејзините обврски при спроведување на постапка за јавна набавка.
  • надлежности на организацискиот облик, новите обврски кои произлегуваат од законот
  • надлежности на одговорното лице

 

Видови постапки за јавни набавки и начин на нивно спроведување

  • набавка од мала вредност
  • поедноставена отворена постапка
  • отворена постапка
  • ограничена постапка
  • конкурентна постапка со преговарање
  • конкурентен дијалог;
  • партнерство за иновации;
  • постапка со преговарање без објавување оглас и
  • постапка со преговарање со објавување оглас

 

Начин на спроведување на постапка за јавна набавка

  • разработка на постапка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како најкористени постапки од страна на договорните органи:
  • дали постапката е предвидена во годишниот план?
  • кој ја носи одлуката за јавна набавки и што треба истата да содржи?
  • кој ја изработува тендерската документација, а кој техничките спецификации?
  • дали смее да се предвиди банкарска гаранција, за кои постапки и кои се други инструменти за гаранција на понудата?
  • утврдување на критериум за избор на најповолен понудувач
  • утврдување на критериуми за способност
  • дали постапката ќе заврши со електронска аукција?
  • објавување на оглас
  • начин на комуникација со економските оператори
  • измена, замена и дополнување на тендерската документација
  • начин на отворање на понудите, за кои постапки отворањето е јавно?
  • начин на евалуација на понуди
  • изготвување извештај од спроведена постапка
  • кој носи одлука за избор?
  • известување до учесниците во постапката
  • колкав е рокот за жалба и периодот на мирување во кој не смее да се склучи договорот?
  • е-жалба - кој подготвува одговор и начин на негово прикачување на ЕСЈН?
  • склучување на договор
  • доброволна претходна транспарентност (за постапка со преговарање без објавување на оглас)

 

Управна контрола и претходно мислење за постапка со преговарање (нова надлежност на Бирото за јавни набавки)

Претходно мислење:

  • основи кои подлежат на законско барање претходно мислење за постапка со преговарање
  • начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање
  • рок на одговор и како да се постапи по добиено претходно мислење за постапка со преговарање

 

Управна контрола

  • за кои постапки е задолжителна управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки
  • начин на спроведување на управна контрола

 

Правна заштита

  • принцип на е-жалба
  • начин на доставување на одговор на жалба
  • битни повреди на законот
  • одлучување на ДКЖЈН во жалбена постапка

 

Во текот на обуката слушателите ќе се запознаат со новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е да се разработи целиот циклус на една постапка за јавна набавка, започнувајќи од донесувањето на планот за јавни набавки, носење одлука за јавна набавка, изработката на тендерска документација и технички спецификации, како и надлежностите на комисијата за јавната набавка при спроведување на постапка од отворање на понудите, евалуација до давање предлог за избор на најповолен понудувач и известување на понудувачите за изборот на најповолен понудувач или за поништување на постапката.

Ќе се разграничат улогите на комисијата и единицата за јавна набавка. Ќе се објаснат обврските на одговорното лице во постапката за јавна набавка. Се предвидува да се објаснат сите обврски кои произлегуваат од Законот поврзани со ЕСЈН, односно какви обврски има комисијата на системот и какви обврски има единицата за јавна набавка. Ќе се разработат сите видови постапка, а посебен акцент ќе се стави на најкористените постапки (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка) и најчестите грешки кои ги прават договорните органи при спроведување на постапката. Ќе се продискутира за некои специфични предмети на  набавка за кои се утврдени посебни правила при спроведување. Ќе се објасни на кој начин ќе се набавува електрична енергија, набавка на храна за ученици, здравствени прегледи,  потоа ќе се продискутира за начинот на спроведување на други постапки каде што не смее да се користи цената како единствен критериум и начин на утврдување на критериумот за доделување на договорот.

На крај се предвидуваат и практични вежби од предавањето, односно спроведување по една постапка од најкористените, почнувајќи од планот за јавни набавки до пополнување на известување за склучен договор на ЕСЈН. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

 

Обуката ќе се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство од областа, експерт и советник за јавни набавки. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 27.01.2020

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб.075-225-526
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces2@gmail.com

Обуки

Pages