ОБУКА ЗА ТРАЈНО ИСЦРТУВАЊЕ НА ВЕЃИ СО ЈАПОНСКИ МЕТОД

Сакате да понудите нешто ново во Вашиот козметичко фризерски салон? Нешто што повторно ќе ги заинтересира Вашите клиенти? Или сакате да отворите сопствен бизнис а не знаете каде, како и во што да инвестирате? Инвестирајте во Вас, инвестирајте во обука. Јапонското исцртување на веѓи – microblading е процедура што ги освои сите жени ширум светот, не бара голема инвестиција и предходно специјално образование. Обуката е интензивна тродневна со теоретски и практичен дел, а потоа имате неколку месечна поддршка во работата.

Зошто да се одлучите за нашата академија?

Имаме стотици задоволни курсисти, кои имаат илјадници задоволни клиенти. Ќе ги дознаете сите тајни, tips & tricks на микроблејдингот кои не се достапни во другите школи. Обуката е во мали групи за максималнo внимание на едукаторот кон курсистите и за многу кратко време ќе бидете спремни за самостојна работа. Во понудата добивате стартен пакет за работа на 40-80 клиентки. Знаејќи колку е просечната цена на третманот јапонско исцртување на веѓи во Македонија, со оваа обука и со стартниот пакет што го добивате ќе си го вратите вложеното од 8-10 пати за краток период.

Оваа обука ја води Ивана Тушевска, која има 5 годишно искуство во областа на микроблејдингот, трајната шминка и трикопигментацијата и е обучувана во повеќе познати светски академии, а е мастер и тренер на еминентната фирма Goochie, за Македонија и Бугарија.

По завршената обука добивате меѓународен сертификат од Goochie.

  • За кого е наменет курсот - Соодветен за сите што сакаат да го надоградат своето знаење
  • Времетраење - 3 дена, 16 часа
  • Термини - по договор
  • Каде - Во просториите на Тренинг Центар ЦЕС

Цена  на обуката 800€.

За обуката може да се пријавите секој ден од 8.30-16,30 часот на фејсбук профилот на Тренинг Центар Ц.Е.С. или на тел. 3232510 / 078339502.

Програма за обуката

ТЕОРЕТСКИ НАСТАВА

  • Што е микроблејдинг?
  • Која е разликата помеѓу микроблејдингот и трајната шминка на веѓи со машинка?
  • Анатомија на лице - мускули, нервни завршетоци
  • Се за формата и обликот на веѓите
  • Определување на перфектниот облик за секое лице со помошта на специјален шестар
  • Пигменти - трајностна бојата според видот на кожата, избор на бои, мешање на бои
  • Цртање на облик и распоред на влакненца на хартија
  • Исцртување - облик на лице, облик на веѓи, одредување на обликот на веѓите
  • Начин на работа - затегнување на кожата, нанесување на бојата, начин на исцртување
  • Кожа - структура на кожата, боја на кожата, одржување после третман, можни реакции, кожни болести и проблеми
  • Каде се препорачува микроблејдингот?
  • Хигиена и подготовка на местото за работа, опрема - држачи, ножици, дезинфекција, анестезија
  • Препораки за консултација и информативен разговор со клиентот

ПРАКТИЧНА НАСТАВА на модел 

  • Вежбање на симулативна кожа (латекс)
  • Демонстрација на жив модел
  • Повторување од претходниот ден
  • Претставување на Goochie PMU products
  • Повторување од предходниот ден
  • Работа на латекс
  • Работа на жив модел под постојан надзор и помош од едукаторот
  • Прашања и одговори
  • Врачување на сертификати

Веѓите се еден од најважните делови на нашето лице. Токму поради тоа, во последните неколку години се дава посебен акцент на одржувањето на веѓите. По долги години владение на тенките веѓи и строгите линии, сега на мода се враќа природниот изглед на веѓите. Трајното исцртување на веѓите е вид на трајна шминка, но самиот начин на работа дава поинаков резултат отколку кај трајната шминка.Со помош на јапонскиот метод се постигнува сосема природен изглед на веѓите и самото лице.

Трајното изцртување со јапонски метод е нанесување на пигмент со оштрица која стимулира природен изглед на влакненцата, со различна должина и густина. Со овој метод не се користат машини, туку влакненцата се исцртуваат многу плитко во кожата со посебна оштрица. Според специфичноста на методот по кој се работи веѓите добиваат сосема природен изглед, бидејќи не се потполнува целата форма на веѓите, туку со посебна техника се вметнуваат тенки и закривени влакненца во природниот правец на растење.

Овој метод е и од голема помош на оние кои со погрешно чупање на влакненцата го уништиле прородниот облик, густината и големина на веѓите. Постапката за трајно исцртување  на веѓи е наменета за оние кои сакаат да постигнат природен изглед на своите веѓи.   Резултаатот е толку природен што разликата помеѓу природните и исцртаните влакненца е незабележлива. 

Оваа техника најмногу е барана за:

  • Усовршување, корегирање на обликот на веќе постоечки густи веѓи
  • Надополнување, доколку природните веѓи станале многу тенки
  • Лица кои поради некои болести или терапии ги изгубиле своите веѓи

Важно е да се нагласи дека кај jапонската метода влакненцата не се уништуваат ниту се чупаат, туку само се доцртуваат, а со самото тоа се постигнува 100% природен изглед на вашите веѓи.

Резултати:

  • Совршен изглед на веѓитево секој период од денот, без цртање со моливчиња.
  • Прилагодениост на вашите спрема Вашата боја на коса, структура на лице, боја на кожа.
  • Лицето изгледа поведро и помладо
  • Поголема самодоверба, а помалку грижа околу доцртувањето
  • По неколку термини, ќе бидете спокојни до 2 години
  • Природен, модерен и здрав изглед на веѓите

Ниту една жена не е задоволна со природниот изглед на своите веѓи – затоа и ги обликуваме. Ретки, светли, лошо обликувани, со дупчиња од белези или едноставно несовршени?

Јапонската метода на обликување на веѓи ќе Ве воодушеви бидејќи ќе ви овозможи долготрајни резултати. Оваа техника припаѓа во категоријата на полутрајна шминка. Јапонската метода овозможува да се добие природен изглед на веѓите, а влакненцата не се отстрануваат, туку само се доцртуваат. Резултатот е толку природен што разликата помеѓу обичните и нацртаните веѓи е незабележлива, бидејќи секое влакненце се црта каде што природното недостасува. Предноста на овој третман е што веѓите не може да се избришат, како што е случајот со класичната шминка, туку се постојани, на базен, теретана, плажа. Лицето изгледа помладо и поведро, бидејќи веѓите се прилагодени на вашето лице во целост.

Постапката за исцртување на веѓите со Јапонска метода се состои од неколку чекори, а првиот е советување за желбите на клиентот и процена на моменталната состојба на веѓите. Следи дигитална процена на симетријата на веѓите, сликање и оцена.

Најнапред со моливче се исцртува пробна форма на веѓата како клиентката би можела да избере нов облик кој ќе и се допаѓа. Кога ќе се заврши со пробното цртање, се избира бојата, спрема бојата на тенот, природните влакненца на веѓата и желбата на клиентот и дури потоа се започнува со постапката за исцртување. Сите инструменти се стерилни, а пигментите кои се нанесуваат се тестирани и одоборени сопред стандардите на ЕУ – немаат тешки метали и АЗО боја, што значи дека сите пигменти се хипоалергени. По мешањето на бојата на инструментот се прицврстуваат микро секачи со кои се цртаат влакненцата едно по едно, како веѓите би изгледале 100% природни. Целата постапка трае околу еден час, а најмногу време се посветува на подготовката и пробното цртање на обликот како би имале што подобар слика за конечниот резултат. Нанесувањето на пигментите во кожата е многу плитко, затоа нема крварење и отоци, а во случај на голема осетливост, клиентите можат да користат и крема која ја ублажува болката. По три дена се прават корекции, доколку се потребни (се проверува состојбата на веѓите и се доцртуваат уште неколку влакненца доколку е потребно). Кај комбинирана и масна кожа треба да се направат две корекции кои се вклучени во цената. Траењето на третманот е околу две години, а тоа зависи и од изложеноста на UV-зраци, типот на кожа и сл.

Козметичко фризерска струка