Обуки

Обука за внатрешна организација и систематизација на работните места

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот. Континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА ОБУКА НА ТЕМА

„Внатрешна организација и систематизација на работните места, годишни планови за вработување во јавниот сектор“

Обуката  ке се одржи  на датум:  05.03.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Административни службеници вработени во организациските единици за човечки ресурси и/или правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности  од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот и социјалната заштита, спортот како и други дејности од јавен интерес утврден созакон а организиран како агенции, фондови ,јавни установи и јавни претпријатија.

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата област со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата од својата област со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

I. Примена на Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор
- Класификација на вработените во јавниот сектор и на административните службеници

II. Подготовка на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места, со користење на каталогот на работните места во јавниот сектор

  1. Зошто е потребна внатрешна организација и систематизација на работни места?
  2. Методи за изработка на акт за внатрешна организација
  3. Методи за изработка на акт за систематизација на работни места
  4. Практична вежба за изработка на акт за внатрешна организација и систематизација на работни места

III. Подготовка на годишни планови за вработување во јавниот сектор.

Вовед    
- Зошто е потребно вработувањето да се планира?
- Што претставува правична застапеност?
2. Практична вежба за користење на онлајн калкулаторот „Балансер“
3. Практична вежба за пополнување на планот за 2020 година

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 01.03.2019 петок. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефан Ангелевски
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages