Обуки

Обука за Закон за инспекциски надзор

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

ОБУКА НА ТЕМА ЗАКОН ЗА ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР
(Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.102/2019 од 22.05.2019година) - 30.08.2019 год во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Целта на новиот Законот за инспекциски надзор е регулација на елементите на инспекцискиот надзор; дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет; јасно утврдување на правата и обврските на субјектите на надзор; намалување на рестриктивноста и репресивноста како и на обврските на инспекциските служби кон Инспекцискиот совет; комплементарно регулирање на статусните прашања за инспекторите, поедноставување на постапката за лиценцирање на инспектор; воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик; олеснувањето и поголема правна сигурност за субјектите на надзор (пред се од приватниот сектор) со воведување на унифицирани правила за надзор и задолжителност на листи за проверка при редовниот надзор и на крајот, надминување на неконзистентноста,слабостите и пропустите во текстот на поранешниот законза инспекцики надзор.

Обуката е наменета за инспектори од инспекциските служби на Република Северна Македонија, адвокати, раководители на инспекциските служби од општините, инспекциски служби од министерствата.

Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство  Виш инспектор од државен управен инспекторат на Република Северна Македонија.

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

ТЕМА 1:Предмет на законот

  • Основни начела на инспекцискиот надзор
  • Дефинирање на статусот и прецизирање на улогата и надлежностите на Инспекцискиот совет.
  • Организација и раководење со инспекциските служби
  • Следење на работата на инспекциски служби

ТЕМА 2 :Проценка на ризик

  • Годишен план за работа на инспекциска служба
  • Месечен план за инспекциски надзор
  • Извештај за работа на инспекциска служба
  • регистри и информациски систем за инспекциски надзор
  • Инспекциска евиденција

ТЕМА 3 :Статус и вработување на инспектор

  • Категории и нивоа на работни места за инспектори
  • Звања на инспектори
  • Посебен услов за вработување на инспектор
  • Пополнување на работно место за инспектор

ТЕМА 4:Лиценца за инспектор

  • Обука за стекнување со лиценца за инспектор
  • Испит за стекнување со лиценца за инспектор
  • Издавање и важност на лиценца за инспектор 
  • Одземање на лиценца за инспектор
  • Службена легитимација и значка

ТЕМА 5: Права и обврски на инспектор

  • Плата, надоместоци и додатоци на плата на инспектор
  • Стручно усовршување и обука на инспекторите
  • Индивидуален годишен план за стручно усовршување и обука на инспекторот
  • Награда за инспектор
  • Осигурување од несреќа при работа
  • Обврска за чување на тајна
  • Обврска за заштита на лични податоци
  • Одговорност на инспекторот

ТЕМА 6 :Учинок на инспектор

  • Управување со учинокот на инспектор
  • Оценување на учинокот на инспектор
  • Други работни цели и задачи на инспектор
  • Критериуми за успешност
  • Оценка за учинок на инспектор
  • Извештај за оценување на учинокот на инспектор

ТЕМА 7: Права и обврски на субјектот на инспекциски надзорот при вршење на инспекциски надзор

  • Право на субјектот на инспекциски надзор
  • Обврска на субјектот на инспекциски надзор

ТЕМА 8: Начин и постапка на вршење инспекциски надзор

  • Цел на инспекциски надзор
  • Коефициенти на сложеност на инспекциски надзор
  • Начин и постапка на спроведување на инспекциски надзор
  • Легитимирање на инспекторот

ТЕМА 9 :Видови на инспекциски надзор

1. Редовен инспекциски надзор

- Листа за проверка

2. Вонреден инспекциски надзор

- Иницијатива за инспекциски надзор

-Налог за вршење на единичен вонреден инспекциски надзор

- Налог за вршење на заеднички вонреден инспекциски надзор

- Одговорност за неспроведување на налог за инспекциски надзор

3. Контролен инспекциски надзор

4.Заеднички инспекциски надзор

5. Трошоци на инспекциски надзор

ТЕМА 10 : Право на инспекторот при вршење на инспекциски надзор

  • Соработка со државни органи и други институции
  • Инспекциски надзор кај непознат субјект

ТЕМА 11: АКТИ ОД ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОР

  • Записник
  • Опомена и решение
  • Објавување на инспекциски акти

ТЕМА 12: Посебни дејствија во инспекциската постапка

  • Земање примерок
  • Постапка за земање на примерок

ТЕМА: 13  Привремено одземање на предмети заради обезбедување на докази

ТЕМА: 14 Односи на инспекциските служби и надлежните органи

Итна постапка

ТЕМА 15 :Прекршочни одредби

  • Примена на Законот за започнати постапки
  • Важност на лиценците за инспектор 
  • Додаток на плата на инспектор

Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица Огњан Прица 1-4/15-Скопје на Датум:  30.08.2019. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 26.08.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages