Обуки

Обука за Закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

ЕДНОДНЕВНА ОБУКА НА ТЕМА

НОВИНИ ВО НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА

Обуката  ке се одржи  на датум 28.05.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Со новиот закон се уредуваат мерките, дејствијата и постапките кои субјектите и надлежните органи и тела ги преземаат заради откривање и спречување на перење пари, поврзани казниви дела и финансирање на тероризам (во натамошниот текст: перење пари и финансирање на тероризам), како и работењето и надлежностите на Управата за финансиско разузнавање

Кој треба да присуствува на обуката за НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Вработени во финансиски институции, што според Законот покрај банките и штедилниците ги опфаќа и другите финансиски институции кои нудат услуги како што се кредитирање, вклучително и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции, издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меници), издавање на електронски пари, финансиски лизинг, менувачки работи, платежни услуги (платен промет во земјата и странство, вклучувајќи уплата и исплата на готовина на сметка преку која се вршат платежни трансакции, активности поврзани со отворање, водење/одржување и затворање  на  сметката,  извршување  на  платежни трансакции, издавање на платни инструменти/или прифаќање на платежни трансакции, парични дознаки (брз трансфер на пари), услуги за иницирање на плаќања), издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување, тргување со инструменти на пазарот на пари, тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали, тргување со хартии од вредност, тргување со финансиски деривати, управување со средства и портфолио на хартии од вредност за клиенти и/или инвестициско советување на клиенти, давање на услуги на чување на имот на инвестициски и пензиски фондови, купопродажба, гарантирање или пласман на емисија на хартии од вредност, чување на хартии од вредност за клиенти, советување на правни лица во врска со структурата на капиталот, деловната стратегија или други поврзани прашања или давање услуги поврзани со спојување или припојување на правни лица, посредување во склучување договори за кредити и заеми и обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица.

Исто така новиот закон се однесува на друштва за осигурување, осигурително брокерски друштва, друштва за застапување во осигурувањето, осигурителни брокери и застапници во осигурувањето, кога вршат работи на осигурување на живот, односно вршат работи на застапување или посредување во осигурувањето при склучување на договори за осигурување на живот; друштва за упра вување со приватни инвестициски фондови и приватни фондови; друштва  за  управување  со  отворени  инвестициски  фондови  и  затворени инвестициски фондови; друштва за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови; филијали на странски финансиски институции од точките во Република Македонија; Македонска пошта АД во делот на работењето кој се однесува на поштенски парични упатници; други правни или физички лица кои согласно со закон извршуваат една или повеќе активности во врска со одобрување кредити, издавање на електронски пари, издавање и администрирање  на  кредитни  картички,  финансиски  лизинг,  факторинг,  форфетинг, давање на услуги на инвестициски советник, посредување при микроплаќање, чуваат или администрираат/дистрибуираат готовина и други финансиски активности утврдени со закон.

Како даватели на услуги на правни лица или трустови новиот закон ги опфаќа правните лица кои во рамките на својата дејност ги даваат следниве услуги на трети лица: основаат правни лица; дејствуваат како или ангажираат друго лице да дејствува како орган на управување или член на органот на управување на правното лице; обезбедуваат седиште, деловна адреса, адреса за кореспонденција или други поврзани услуги на правно лице или странски труст; дејствуваат како или ангажираат друго лице да дејствува како управител на странски труст или сличен правен аранжман основан со изрична изјава; дејствуваат како или ангажираат друго лице да дејствува како содружник или  дејствува како акционер за друго лице.

Претходна подготовка

Сите учесници да го прочитаат Новиот закон и да подготват краток приказ на мерките што тие веќе ги примениле. Учесниците ке можат да користат електронски пристап до законите кои ќе се опфатени со обуката.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Објаснување на поимот перење на пари

Системот на мерки и институции вклучени во борбата против перење на пари во Р Македонија (казнено правни и административни мерки)

  • Новиот закон за спречување на перење на пари,
  • Содржина и структура на новиот закон
  • Објаснување на поимите зодржани во новиот закон
  • Субјекти кои имаат обврска да ги спроведуваат мерките од Новиот закон за спречување на перење на пари
  • Обврски на субјектите и мерки кои треба да ги преземаат согласо со новиот закон
  • Институции надлежни за надлежни за контрола над ефективноста во спроведување на мерките од новиот закон и систем на санкции
  • Ефекти од ефикасен систем за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам. Шти имаме ние од тоа? Потребите за процесот на Европски интерграции.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 20.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Обуки

Pages