Обуки

Обука за Закон за здравствена заштита

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

ЕДНОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА

Обуката  ке се одржи  на датум 13.05.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС.

Со овој закон се уредуваат прашањата кои се однесуваат на системот и организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност, загарантираните права и утврдените потреби и интереси на државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањето, правата и должностите, одговорноста, евалуацијата, престанокот на вработувањето, заштитата и одлучувањето за правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, квалитетот и сигурноста во здравствената дејност, коморите и стручните здруженија, рекламирањето и огласувањето на здравствената дејност, вршењето на здравствена дејност во вонредни услови и надзорот над вршењето на здравствената дејност.

Обуката е наменета за административните службеници вработени во здравствениот сектор, во организациските единици за човечки ресурси и/или за правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности од областа на здравството. Целта на обуката  е да го унапреди познавањето на административните службеници и вработени во здравстевните установи  да се унапреди  подготовката на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места како и постапката за вработување, унапредување и мобилност. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство во Министерство за Здравство

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Осврт на Законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита

  • Целта на измените и дополнувањата во Законот за здравствената заштита
  • основни решенија
  • внатрешна организација на ЈЗУ
  • услови за раководители на ВОЕ во терциерно ниво на здравствена заштита
  • услови за вработување усогласени со Законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници
  • дополнителни услови за запишување на специјализација
  • делот од плата за успешност согласно колективен договор;
  • обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи.

Закон за административни службеници

Административни службеници

  • Класификација на работни места по нивоа, услови и звања
  • Подзаконски акти
  • Вработување
  • Надлежност на МИОА

Закон за вработените во јавниот сектор

  • Примена на законот
  • Класификација на работни места по групи, подгрупи, категории, нивоа, звања
  • Каталог на работни места
  • Акт за систематизација
  • Подзаконски акти

Закон за здравствената заштита

  • Примена на закон
  • Работни места-групи, подгрупи, категории
  • Услови
  • Статут на ЈЗУ и внатрешна организација
  • Акт за внатрешна организација
  • Акт за систематизација на работни места
  • Вработување во ЈЗУ

Правилник за внатрешна организација на ЈЗУ

  • Форма и содржина
  • Внатрешна организација на ЈЗУ и поврзаноста со Статутот на ЈЗУ
  • Подзаконски акт за внатрешна организација (делокруг на работа и минимален број на извршители)
  • Постапка за подготовка и донесување

Правилник за систематизација на работни места во ЈЗУ

  • Форма и содржина
  • Поврзаност со актот за внатрешна организација на ЈЗУ
  • Постапка за подготовка и донесување

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 03.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. Ве молиме за навремена достава на пријавата поради големиот  интерес!

Краен рок на доставување на пријавите е 08.05.2019

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages