Обуки

Обука за Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА НА ТЕМА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА И СУДИРОТ НА ИНТЕРЕСИ И НЕГОВА ПРИМЕНА ВО ПРАКСА

Законот е објавен во Службен весник број бр. 12 од 19.01.2019 година. Обуката  ке се одржи  на датум 29.05.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Со овој закон се уредуваат мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршењето на власта, јавните овластувања, службената должност и политиката, мерките и активностите за спречување на судирот на интереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со остварувањето на јавните овластувања. Законот исто така ги уредува поставеноста, изборот на членови и надлежностите за примена на мерките и активностите од овој закон на Државна комисија за спречување на корупцијата.

Кој треба да присуствува на обуката

Обуката за Законот за спречување на корупцијата и судирот  на интереси е од интерес за сите лица кои имаат јавни овластувања или работат во институции со јавни овластувања, за државни службеници, а пред се за раководни лица. Исто така сите лица кои се соочени со евентуален ризик од корупција при обавување на својата дејност или активности во рамки на на државни органи, јавни претпријатија и други институции од јавниот сектор и кој ги вклучува прашањата за судир на интереси, неспоивост на функции, примање подароци и други нелегални плаќања, лобирање, недостаток на систем за заштита на укажувачи, измами, несоодветно користење на овластувањата, дискрециони овластувања, финансирање на политички партии и кампањи спротивно на закон, тргување или недозволено користење на информации, транспарентност на постапоки и документи итн.

Претходна подготовка

  • Сите учесници да го прочитаат Законот.
  • Учесниците ке можат да користат електронски пристап до законите кои ќе се опфатени со обуката

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

  • Објаснување на опфатот на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси
  • Дефиниции и значење на изразите опфатени со законот
  • Надлежности на Државната комисија за спречување на корупцијата
  • Закон за спречување на корупцијата и судирот на интереси
  • Спречување на корупцијата во политиката
  • Спречување на корупцијата во вршење на јавните овластувања
  • Спречување нa корупцијата вo вршењето работи од јавен интерес и други дејности на правни лица
  • Судир на интереси Поиммерки за спречување
  • Субјекти кои имаат обврска да ги спроведуваат мерките од Законот за спречување на корупцијата
  • Обврски на субјектите и мерки кои треба да ги преземаат согласо со Законот
  • Прекршочни одредби и Институции надлежни за контрола над ефективноста во спроведување на Законот

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО.

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 20.05.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Овој закон се усогласува со ЕУ Директива 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година, за изменување и дополнување на Регулативата (ЕУ) бр. 648/2012 на Европскиот Парламент и на Советот и за укинување на Директивата 2005/60/ЕЦ на Европскиот Парламент и на Советот и на Директивата 2006/70/ЕЦ на Комисијата со CELEX број 32015L0849

Обуки

Pages