Обуки

Обука за Законски новини во областа на трудово право и работните односи

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ОБУКА на ТЕМА -ЗАКОНСКИ НОВИНИ ВО ОБЛАСТА НА ТРУДОВОТО  ПРАВО И РАБОТНИТЕ ОДНОСИ - 29.01.2020 СКОПЈЕ – ВО ПРОСТОРИИТЕ НА Ц.Е.С – Тренинг Центар

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси, економски оператори и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

ТЕМА 1: Искуства од примена за Законот за работни односи низ призма на работата на Државниот инспекторат за труд

  • Последните измени и дополнувања од Законот за работните односи од аспект на Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно надминување
  • Практичен осврт на прекршочна постапка
  • Тек на прекршочна постапка и одмерување глоби
  • Најчести пропусти утврдени од Државниот инспекторат на труд и насоки за нивно порамнување
  • Обврски на инспекторот на труд при вршење на надзор ( заштита на право на исплата на плата, придонеси, остуство од работа поради спреченост за работа поради болест или бременост, раќање и мајчинство, заштита на работни со скратено работно време поради болест на дете)
  • Видови на инспециски надзор
  • Примена на законот за работни односи и Закон за прекршоци при надзор и конторола

Тема 2- Насоки за адекватна примена на Закон за инспекциски надзор

  • Организација  на инспекциските служби
  • Улогата на инспекцискиот совет
  • Дискусија

Тема 3-  Искуства од примена на Законот за работни односи и  Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување

  • стекнување и остварување на права на осигуреник
  • својство на осигуреник со бенифициран стаж
  • задолжителни придонеси за пензиско и инвалидско осигрување, пензиски стаж
  • надлежноста на агенцијата за Агенција за супервизија на капитално финасирано  пензиско осигрување и новите законски измени

Тема 4-  ПРАВНА ЗАШТИТА –

  • Тужениот орган надлежен да донесе конечен управен акт
  • Управниот суд кој одлучува по тужбата за законитиста на     конечен управен акт
  • Вишиот  Управен  суд кој одлучува по жалба изјавена против одлука на Управен суд.
  • Судска практика
  • Правосилни одлуки на Управниот суд
  • Одлуките анонимизирани објавени на веб-страна

 

Интерактивна дискусија – прашања и дискусии - Доделување сертификати за учество на обуката

Обуката ке се реализира од страна на експерти - предавачи  докажани во својата област со долгогодишно работно искуство од областа. Предавачи на обуката- Д-р Едита Насковска - судија на Управен суд на Република Македонија

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 24.01.2020. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб.075-225-526
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces2@gmail.com

Обуки

Pages