Обуки

Обука за завршна сметка 2018

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

 

ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА

ЗАВРШНА СМЕТКА 2018

Датум:  24-25-26 Јануари 2019 - Интерхотел Сандански Р. Бугарија 

Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми на предавањето ќе бидат:

Тема 1  Сметководствено усогласување на разлики утврдени со пописот на средствата и обврските кај двата сметководствена систем

Тема 2 Сметководствено евидентирање на пресметка на амортизација и ревалоризација кај двата сметководствена система:

  • Пропишани стапки и корисен век на употреба
  • Различен пристап во пресметка на ревалоризација

Тема 3 Признавање на расходи согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот за 2018 година?

  • Право и висина на исплата на надоместоци, даночен третман
  • Користење на средства за репрезентација
  • Право на користење на сопствени возила за службени цели

Тема 4. Проценување на билансни позиции:

  • Набавка, користење и располагање на постојани средства и нивно сметководствено евидентирање кај буџетските корисници
  • Нематеријални средства кај јавни претпријатија, нивно мерење, основни карактеристики и обезвреднување
  • Материјални средства кај јавни претпријатија, начин на мерење, обезвреднување
  • Вреднување и мерење на залихи
  • Логички усогласувања помеѓу одделни билансни позиции

Тема 5 Државни поддршки, капитален и приходен пристап

  • Долгорочни резервирања кај јавни претпријатија
  • Резервирања и неизвесни обврски
  • Даночен третман

Тема 6 Признавање на приходи кај јавни претпријатија:

  • Новини и промени во МСФИ
  • Класификација и услови за признавање на приходите
  • Изготвување на Извештај за парични текови

Тема 7 Данок на добивка:

  • Даночна основица,
  • Ненаплатени побарувања по основ на заеми
  • Даночен кредит
  • Даночен третман на загуба

 

Цел на обуката

Главна цел на оваa обука е да се опфати пописот на средства и обврски, законот, фазите, роковите, залихите, извештаите, амортизација кај буџетските корисници согласно законската регулатива и ревалоризација, корегирањето на сметководствените грешки како цели и примена на законот за финансиска дисциплина

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата од својата област со долгогодишно работно искуство - Бранислав Гулев - Предавач со долгогодишно искуство  од  Државниот  завод за ревизија на Р.Македонија.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 18.01.2019. 

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages