Обуки

Обука за завршна сметка 2019 во Сандански, Бугарија

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦА на ТЕМА -*** ЗАВРШНА СМЕТКА***   за 2019 година и други важни новини во законската регулатива

Датум:  20-21-22 Јануари 2020 - Интерхотел  Сандански Р Бугарија 

Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми на предавањето ќе бидат:

Тема 1 Сметководствено усогласување на разлики утврдени со пописот на средствата и обврските кај двата сметководствена система

Тема 2 Сметководствено евидентирање на пресметка на амортизација и ревалоризација кај двата сметководствена система:

  • Пропишани стапки и корисен век на употреба
  • различен пристап во пресметка на ревалоризација

Тема 3 Признавање на расходи согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот за 2019 година

  • Право и висина на исплата на надоместоци, даночен третман
  • Користење на средства за репрезентација
  • Право на користење на сопствени возила за службени цели
  • Патни и дневни трошоци

Тема 4  Вреднување и сметководствено евидентирање на залихи:

  • Материјална евиденција
  • Методи на вреднување на залихи
  • Практични вежби и задачи

Тема 5 Проценување на билансни позиции:

  • Набавка, користење и располагање на постојани средства и нивно сметководствено евидентирање кај буџетските корисници
  • Застареност на обврски
  • Вреднување и мерење на залихи
  • Логички усогласувања помеѓу одделни билансни позиции

Тема 6 Донирани средства

  • Сметководствено евидентирање
  • Даночни ослободувања

Тема 7 Набавка на материјални средства по пат на наем

  • Сметководствено евидентирање
  • Разлика помеѓу финансиски и оперативен наем
  • Пресметка на амортизација

Тема 8 Данок на добивка:

  • Новини во Законот за данокот на добивка,
  • Даночна основа
  • Непризнаени расходи
  • Пополнување на даночен биланс – ДБ
  • Практични вежби и задачи

Цел на обуката

Главна цел на оваa обука е да се опфати пописот на средства и обврски, законот, фазите, роковите, залихите, извештаите, амортизација кај буџетските корисници согласно законската регулатива и ревалоризација, корегирањето на сметководствените грешки како цели и примена на законот за финансиска дисциплина

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата од својата област со долгогодишно работно искуство од Државниот завод за ревизија на Р.Македонија  Г- дин Бранислав Гулев

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 14.01.2020. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510 моб.075-225-526 моб. 078-339-502
  • веб сајт http://www.ces.mk
  • е-маил -  trainingcenterces@gmail.com