Обуки

Пролетна работилница за Закон за јавни набавки и 10 нови правилници во Истанбул

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано   ги следиме  промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините и знаењата, за таа цел  со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС ВЕ ПОКАНУВА НА ПРОЛЕТНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ И 10 НОВИ ПРАВИЛНИЦИ

(Спроведување постапки за јавни набавки согласно
новиот Закон за јавните набавки и подзаконски акти-Сл.в.64/19)

 ( 15-19Мај Истанбул_Р. Турција )

На работилницата ке се информирате што предвидува закон за јавни набавки и разработка на 10 те нови правлници ; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, директори, раководители, членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки. Законот за јавните набавки беше донесен на 28.01.2019 година, а  ќе почнува со примена од 1 април 2019 година. Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе престане да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14,180/14, 192/15, 120/16 и 167/17). Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. По завршување на обуката имате пристап до консултативна услуга, за секој иден проблем или нејаснотија од некоја од горенаведените теми  или воопшто може слободно да се обратите на нашата меил адреса каде во консултација со нашите предавачи/експерти  ке  одговориме на сите ваши прашања и дилеми

Главни теми и потттеми кои ќе бидат опфатени на работилницата:

TEMA 1 – Новини во Законот за јавните набавки

Новини предвидени со новиот закон за јавните набавки

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот;
  • Воведување на е-план за јавни набавки и начин на негово пополнување согласно Правилникот за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки
  • Резервирани договори – услови за резервирање, докажување на нивната исполнетост и можни негативни последици од нивната примена;
  • Начин на водење на евидентната книга на ЕСЈН согласно Правилникот за водење на евиденција на постапки за јавни набавки, како содржината на евидентната книга
  • Критериуми за избор на најповолна понуда (цена/трошоци за животен век/квалитет)
  • Огласи и известувања (задолжително пополнување на ЕСЈН)
  • Евалуација на понуди
  • Утврдување на способност и услови за квалитативен избор на економски оператор
  • Користење на способност од други економски оператори
  • Новини кај ангажирање на подизведувачи
  • Извршување на договорот и новините поврзани со плаќањата кои произлегуваат од   реализаијата на договорот

TEMA 2 Постапки за доделување договори за јавни набавки во согласност со законот

  • Нови вредносни прагови за спроведување на постапки
  • Начин на евиденција на набавките под вредносните прагови утврдени со законот
  • Видови постапки во согласност со новиот Законот за јавните набавки;
  • Посебни услуги согласно Правилникот за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги и начин на нивно спроведување
  • Претходна проверка на пазарот (технички дијалог)

TEMA 3 Нови надлежности на БЈН

  • Управна контрола – давање согласност за постапки за јавни набавки
  • Задолжително мислење од БЈН за постапки со преговарање (разработка на подзаконскиот акт за начинот на поднесување на барање за мислење за постапка со преговарање без објавување на оглас)
  • практични примери како се поднесување барањето за мислење и што истото треба да содржи
  • утврдување на рок во кој БЈН мора да изврши управна контрола/даде мислење

Нови надлежности на ДКЖЈН

  • Најзначајни интервенции во законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.
  • Казнени одредби за договорниот орган во случај на жалба

TEMA 4 .  Новите подзаконски акти (Сл.в. 64/19)

  • Правилник за формата и содржината на барањето на мислење за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас
  • Правилник за содржината на записникот од извршената управна контрола
  • Правилник за начинот на избор на постапките за јавни набавки кои ќе бидат предмет на управна контрола, како и за начинот на вршење управна контрола
  • Правилник за начинот на водење евиденција на постапките за јавни набавки, како и содржината на евидентната книга
  • Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки
  • Правилник за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги
  • Правилник за програмата за едукација, планирањето, начинот на спроведување на едукацијата и испитот, начинот на издавање и продолжување на важноста на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки
  • Тарифник за висината на надоместоците за едукација за јавни набавки
  • Правилник за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки
  • Тарифник за висината на надоместоците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки
  • Прашања и дискусии

На работилницита предвидено е да се разработи:

Новиот Закон за јавните набавки
Подзаконските акти кои произлегуваат од законот и се донесени (Службен весник на Република Северна Македонија бр.64/19):

  • Правилник за формата и содржината на барањето на мислење за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас
  • Правилник за содржината на записникот од извршената управна контрола
  • Правилник за начинот на избор на постапките за јавни набавки кои ќе бидат предмет на управна контрола, како и за начинот на вршење управна контрола
  • Правилник за начинот на водење евиденција на постапките за јавни набавки, како и содржината на евидентната книга
  • Правилник за формата, содржината како и начинот на изготвување на годишниот план за јавни набавки
  • Правилник за видовите на посебни услуги кои се предмет на договорите за јавни набавки на услуги
  • Правилник за програмата за едукација, планирањето, начинот на спроведување на едукацијата и испитот, начинот на издавање и продолжување на важноста на потврдата за положен испит за лице за јавни набавки
  • Тарифник за висината на надоместоците за едукација за јавни набавки
  • Правилник за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки
  • Тарифник за висината на надоместоците за користење на Електронскиот систем за јавни набавки

Новиот Закон за јавните набавки се базира на начелата на слободно движење на стоките, слобода за основање, слобода за обезбедување услуги, како и начелата на економичност, ефикасност, конкуренција помеѓу економските оператори, транспарентност, еднаков третман на економските оператори и сразмерност. Причините за изработка на новиот Закон за јавните набавки произлегува од потребата за усогласување на националното законодавство со законодавството на Европската унија и стратешките приоритети на Република Македонија за членство во ЕУ. Новиот закон е во сличен обен како и актуелниот. Новините се однесуват на терминологијата и новите постапки кои се предвидуват во Директивите, како и критериумот за избор на најповолна понуда. Вредносните прагови за спроведување на постапките се зголемуваат и ќе претставуваат големо олеснување за договорните органи при набавки на стоки, услуги или работи. Правната заштита се предвидува да биде целосно усогласена со Директивата за правна заштита на ЕУ, односно се менува начинот на изјавување на жалба до Државната комисија за јавни набавки. Бирото за јавни набавки и Државната комисија за жалби по јавни набавки добиваат нови надлежности кои ќе бидат задолжителни за договорните органи.

Обуката ке се реализира од страна на Сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно искуство  од областа, експерт и советник за јавни набавки. Работилницата ке се одржи во Истанбул р Турција на Датум:  15-19 Мај

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници од максимално 16 лица  Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 30.04.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефан Ангелевски
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages