Обуки

Работилница за ефективно спроведување на постапка за оценување на административни службеници

ПОКАНА ЗА  ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

ЕФЕКТИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ- ПРЕПОРАКИ, ЧЕКОРИ, НАСОКИ

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА НА 06.11 ЗА  ОЦЕНУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВНИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ  КАКО И ЕФЕКТИВНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА, СО ЧЕКОРИ НАСОКИ И СОВЕТИ ОД НАША СТРАНА

„Оценување на административниот службеник“ постапка  која трае од 01.09.до 01.12 во тековната година“ на нашата работилница ке имате можност да добиете чекори и насоки како поефикасно и поефективно да ја спороведете постапката за оценување на административниот службеник заедно ќе работиме во групи на конкретни примери и врз обрасците на кои Вие веќе работите, каде се соочувате со потешкотии, каде нешто сте пропуштиле и како да с енадминат сите нејаснотии, прашања и дилеми се со цел правилно и соодветно водење на постапката                                                                                                                   

06.11.2019 ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С

Предавач:

Лаура Идризи, претставник на Министерството за информатичко општество

АГЕНДА ЗА РАБОТИЛНИЦАТА

10 00 – 10 15   

Запознавање со учесниците

10 00- 10 30

Дискусија за процедуралните аспекти на постапката за оценување  на административните службеници

10 20-11-30

Запазување на фазите и роковите за постапување
Насоки и препораки за ефикасно и успешно оценување на административните службеници

11 30 -12 30 Кафе пауза и ладен оброк

12 30- 15 00 Работа во групи

  • Разгледување на конкретни примери
  • Дискусија околу обрасците кои веке се пополнети или се во фаза на пополнување
  • Дискусија околу потешкотии во пополнувањето- решавање на истите
  • Насоки за правилно водење на постапката

15 00 – 15 30

  • Пополнување на евалуациски листи
  • Доделување сертификати

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 01.11.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages