Обуки

Работилница за функционална анализа во јавниот сектор

ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА НА 158-та СЕДНИЦАТА НА ДЕН 8 ОКТОМВРИ ГИ ЗАДОЛЖИ СИТЕ ЈАВНИ УСТАНОВИ ВО НАЈКРАТОК РОК ДА ИМААТ ИЗГОТВЕНО ФУНКЦИОНАЛАНА АНАЛИЗА
ЗА ТАА ЦЕЛ “ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС”- ОРГАНИЗИРА ЕДНОДНЕВНА ОБУКА СО ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ И КОНКРЕТНИ ПРИМЕРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА, СЛУШАТЕЛИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ДОНЕСАТ СВОИТЕ ФУНКЦИОНАЛНИ АНАЛИЗИ И ЗАЕДНИЧКИ ДА ГИ РАЗРАБОТАТ СО ПРЕДАВАЧОТ

27.02.2020 ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА  НА ТЕМА: „ ФУНКЦИОНАЛНА АНАЛИЗА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР  - АЛАТКА ЗА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ОРГАНИЗАЦИСКИ И ФУНКЦИОНАЛЕН АСПЕКТ“

Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, практични вежви за изготвување на обрасците, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач со долгогодишно работно практично искуство од областа, Г-ѓа Александра Лулкоска. ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА Административни службеници вработени во организациските единици за човечки ресурси и/или правни работи во органите на државната и локалната власт и сите засегнати страни кои имаат обврска да изготват функционална анализа во јавниот сектор. По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА

Функционална анализа во јавниот сектор - основ за изготвување на правилникот  за систематизација и правилникот за организација во јавниот сектор

  • Цели на функционалната анализа; 
  • Функционалната анализа како услов за промена на правилниците за систематиација и организација на работните места во институцијата;
  • Начин на систематизирање на работните места во правилникот за систематизирање на работните места;
  • Правен основ за спроведување;
  • Моделот на функционалната анализа;
  • Функциите како основа на функционалната анализа;     
  • Спроведување на функционалната анализа;
  • Почеток на спроведувањето;
  • Формирање на Тим;
  • Организирање на процесот;
  • Анализа на документи;
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети;       
  • Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата;        
  • Прибирање податоци за организациските единици;       
  • Спроведување интервјуа.

Изготвување на извештајот по спроведената анализа – со посебен осврт на делот на наодите и препораките

  • Анализа и категоризација на функциите; 
  • Анализа на информациите и евалуација според критериумите;
  • Констатирана состојба согласно истражувањето;
  • Препораки за надминување на констатираните недостатоци и подобрување на целокупната состојба во институцијата;
  • План за подобрување.         

Анализа на предлог Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор од аспект на начинот на изготвување на функционална анализа и изготвувањето/донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места

  • можност за предвидување на повеќе извршители од бројот на извршители за кои се обезбедени финансиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата;
  • постапка за добивање на согласност за функционалната анализа;
  • постапка за донесување на правилниците за организација и систематизација на работните места;
  • можност за промена на правилниците за организација и систематизација на работните места само два пати во текот на годината

Видови вработувања, мобилност во јавниот сектор и право на мирување на работниот однос

  • Видови на вработувања во јавниот сектор,
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор)
  • Правото на мирување на работниот однос во јавниот сектор.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО и да ја доставите на меил адресата е-маил-  trainingcenterces@gmail.com:

 

Краен рок на доставување на пријавите е 21.02.2020. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages