Обуки

Работилница за ХРМИС акти

ЗОШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.?

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и слично, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС ЌЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМИТЕ, А СО ТОА ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ПОГОЛЕМА  ПРОДУКТИВНОСТ. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦА на ТЕМА

ХРМИС, акти за внатрешна организација и систематизација во ЈАВЕН СЕКТОР - вработување, унапредување и мобилност

Обуката  ќе се одржи  на датум 27.09.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Пополнување на ХРМИС; Изготвување на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места кај административни службеници вработување, унапредување и мобилност. Обуката е наменета за административните службеници вработени во здравствениот сектор, во организациските единици за човечки ресурси и/или за правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот и социјалната заштита и заштита на детето, спортот како и другите дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија.

Целта на обуката  е да го унапреди познавањето на административните службеници и вработени во јавниот сектор на постапката на пополнување на ХРМИС системот, Ќе ја обработи и подготовката на акти за внатрешна организација и систематизација на работните места како и постапката за вработување, унапредување и мобилност.  Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно искуство од  Министерство за Информатичко Општество .

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

ПРАКТИЧНО ПОПОЛНУВАЊЕ НА РЕГИСТАРОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ЗДРАВСТВЕН СЕКТОР-ХРМИС

  • Зошто е потребен Регистарот на вработените во јавен сектор (ХРМИС)?
  • Кои податоци се внесуваат во системот?
  • Запознавање на функционалностите на Информациониот систем за управување со човечки ресурси    
  • Најчести грешки при внесување на податоците во ИСУЧР 
  • Насоки, препораки и укажување за внесување на податоците во системот
  • Практичен дел на работа на конкретни примери 
  • Дискусија, прашања и одговори
     

СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

  • Барање за објавување на јавен оглас
  • Комисија за селекција на кандидати
  • Фази на постапката за селекција (административна селекција, испит за административен службеник и интервју, базирано на компетенции)
  • Одлука за избор
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник
  • Решение за стекнување на статус на административен службеник

 

УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

  • Барање за објавување на интерен оглас
  • Комисија за селекција за унапредување
  • Фази на постапката за унапредување
  • Одлука за избор
  • Решение за унапредување на административен службеник

 

ВИДОВИ ВРАБОТУВАЊА И МОБИЛНОСТ ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • Видови вработувања, со посебен осврт на вработувањата на определно време и на посебните советници
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор)

ПОДГОТОВКА НА АКТИ ЗА ВНАТРЕШНА ОРГАНИЗАЦИЈА И СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, СО КОРИСТЕЊЕ НА КАТАЛОГОТ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

  • Зошто е потребна внатрешна организација и систематизација на работни места?
  • Што е Каталог на работни места и зошто истиот е потребен?
  • Методи за изработка на акт за внатрешна организација
  • Користење на Каталогот на работни места во јавниот сектор
  • Методи за изработка на акт за систематизација на работни места

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 23.09.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Тренинг Центар ЦЕС

Обуки

Pages