Обуки

Работилница за изготвување на правилници за организација и систематизација на работните места

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА И СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, УНАПРЕДУВАЊЕ, МОБИЛНОСТ И ПРАВОТО НА МИРУВАЊЕ НА РАБОТНИОТ ОДНОС

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство  во областа – Г-ѓа  Александра Лалковиќ

НАПОМЕНА !!!!! По завршување на обуката Ви овозможуваме  конасалтинг на темата, за сите дилеми и предизвици и нејаснотии  од вашето работно место може слободно да не контактирате на нашата меил адреса а ние во најкраток можен рок ке ви одговориме на сите ваши прашања

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

Функционална анализа во јавниот сектор

  • Цели на функционалната анализа;      
  • Функционалната анализа како услов за промена на правилниците за систематиација и организација на работните места во институцијата;
  • Правен основ за спроведување;
  • Моделот на функционалната анализа ;
  • Функциите како основа на функционалната анализа;        
  • Спроведување на функционалната анализа;
  • Почеток на спроведувањето;
  • Формирање на Тим;         
  • Организирање на процесот;
  • Анализа на документи;
  • Собирање информации за расположливите човечки и други капацитети;       
  • Прибирање податоци за перцепцијата на вработените во институцијата;       
  • Прибирање податоци за организациските единици;          
  • Спроведување интервјуа.           

 Изготвување на извештајот по спроведената анализа – со посебен осврт на делот на наодите и препораките

  • Анализа и категоризација на функциите;       
  • Анализа на информациите и евалуација според критериумите;
  • Констатирана состојба согласно истражувањето;
  • Препораки за надминување на констатираните недостатоци и подобрување на целокупната состојба во институцијата;
  • План за подобрување.     

Постапка за унапредување на административен службеник

  • Барање за објавување на интерен оглас ;
  • Комисија за селекција за унапредување;
  • Фази на постапката за унапредување;
  • Одлука за избор;
  • Решение за унапредување на административен службеник.

 

Видови вработувања, мобилност во јавниот сектор и право на мирување на работниот однос

  • Видови на вработувања во јавниот сектор,
  • Мобилност на вработените во јавниот сектор (распоредување во рамки на иста институција и преземање од една во друга институција во јавниот сектор)
  • Правото на мирување на работниот однос во јавниот сектор.

Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица огњан проца бр4/1-15 (на јужен булевар кај монтенегро) на Датум: 12.06.2019

а пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 07.06.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages