Обуки

Работилница за изготвување на завршна сметка 2019

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА НА 16.12.2019 НА ТЕМА

Изготвување на завршна сметка за 2019 година и други важни новини во законската регулатива кај: буџетски корисници, единки корисници, фондови, ЈЗУ, единици на локална самоуправа и непрофитни организации

ЗАТОА ШТО СО НАС ЌЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ИЗГОТВУВАЊЕ  НА ЗАВРШНАТА СМЕТКА ЗА 2019 ГОДИНА. Обуката  ке се одржи  во ОХРИД  на  16.12.2019

Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач докажан  во својата област со долгогодишно работно искуство - Бранислав Гулев - Предавач со долгогодишно искуство  од  Државниот  завод за ревизија на Р.Македонија

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Сметководствено усогласување на разлики утврдени со пописот на средствата и обврските

Усогласување на фактичката со сметководствената состојба врз основа на констатираните разлики од пописот на средствата и обврските:

  • Примена на сметководствени правила и начела
  • Практични примери за спроведување на констатираните разлики

Сметководствени принципи и начела, сметководствени грешки:

  • Начин на коригирање на сметководствени грешки,
  • Законска поткрепа за спроведување на корекции

Признавање на расходи согласно одобрениот буџет и Законот за извршување на буџетот за 2019 година

  • Право и висина на исплата на надоместоци, даночен третман
  • Користење на средства за репрезентација
  • Право на користење на сопствени возила за службени цели

Проценување на билансни позиции:

  • Набавка, користење и располагање на постојани средства и нивно сметководствено евидентирање кај буџетските корисници
  • Вреднување и мерење на залихи
  • Логички усогласувања помеѓу одделни билансни позиции

Данок на добивка:

  • Новини во Законот за данокот на добивка,
  • Даночна основа
  • Непризнаени расходи
  • Пополнување на даночен биланс - ДБ

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 11.12.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите. За сите дополнителни информации во врска со обуката слободно контактирајте не.

Обуки

Pages