Обуки

Работилница за канцелариско и архивско работење

ЗOШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМИТЕ

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ 

РАБОТИЛНИЦА ЗА КАНЦЕЛАРИСКО И АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

Обуката  ке се одржи  на датум:  24.09.2019 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Обуката е наменета за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на канцелариското и архивското работење и да го усогласат своето работење со важечките законски прописи. Обуката ке се реализира  од страна на експерт - предавач  со долгогодишно работно искуство - Каролина Стојановска-Богдановска – Државен управен инспекторат

 

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Тема 1 - Основни техники на канцелариското работење

  • Презентирање на законските и подзаконските акти за канцелариското и архивското работење
  • Најчести проблеми во работењето
  • Дискусија  и примери од пракса

(Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл.

Тема 2 - КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ (Хартиено или електронско)

  • Овластувања кои треба да ги издаде функционерот според прописите за канцелариско и архивско работење
  • Овластување за прием прегледување и распоредување
  • Овластување за ракување со печати и штенбили

Тема 3 Штенбили и печати на еден орган

  • Приемен штенбил
  • Роковен штенбил
  • Печат и др.
  • Евиденција на печати

(Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)

Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;

Основни техники во канцелариското работење:

Како се води основната книга за евиденција – деловодник,

Како се водат помошните книги за евиденција,

Како се изработува План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал со рокови за негово чување,

Електронско канцелариско работење (практична работа и практични примери);

(Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)

Книги за евиденција (начин на заведување, пренос, поврзување , исправка на погрешно запишан текст и заклучување)

  • Деловодник
  • Попис на акти
  • Уписници
  • Интерна книга
  • Книга за место
  • Книга за пошта

 (Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)

Тема 4 -Архивско работење (приватен и јавен сектор)

Основни техники на архивското работење: архивирање, средување и обработка на документите, одбирање на архивскиот од документарниот материјал, попис и опис на архивскиот материјал, заштита и чување на архивскиот материјал (практична работа и практични примери);

Дефинирање на основните поими во канцелариското и во архивското работење: архивски материјал, документарен материјал, документ/запис, конвенционален и неконвенционален архивски и документарен материјал, имател на архивски материјал и сл;

Споредба помеѓу јавен и приватен архивски материјал: права и обврски на имателите на јавен и на имателите на приватен архивски и документарен материјал;

  • Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување 
  • Архивирање,средување и издавање на документи/записи за користење
  • Одбирање и евидентирање на архивски материјал
  • Предавање на архивски материјал
  • Чување и заштита на архивски и документарен материјал

            (Обрасци за пополнување, вежби и практична примена)

Надзор врз работењето на имателите на архивски и документарен материјал

  *Обуката е проследена со обрасци за практична примена од праксата и презентација на истите. По завршување на обуката слушателите пополнуваат тест за  проверка на стекнатите знаења.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради ограничениот број на учесници. Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 20.09.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Тренинг Центар ЦЕС

Обуки

Pages