Обуки

Работилница за креирање на ефективни менаџерско-лидерски тимови

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 700 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

„КРЕИРАЊЕ НА ЕФЕКТИВНИ МЕНАЏЕРСКО-ЛИДЕРСКИ ТИМОВИ  ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНИТЕ МЕСТА, ГРЕШКИ ВО УПРАВУВАЊЕТО, ЕФЕКТИВНИ СОСТАНОЦИ И РАЗРЕШУВАЊЕ НА КОНФЛИКТИ ВО РАМКИТЕ НА ТИМОТ" -  СПОРЕД ТЕОРИЈАТА НА БЕЛБИН

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за вработени во јавниот и во приватниот сектор , раководители, директори  и вработени во сите сектори во организациите и институциите (во човечки ресурси и правна служба, финансии, производство и продажба, како и останатите вработени кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

Обуката ке се реализира  од страна на експерти- предавачи  докажани во својата од својата област со долгогодишно работно искуство  -Сертифицирани обучувачи за Тимска работа според теоријата на Белбин за улогите на тимот. Обуката  ке се одржи  на Датум:  28-29-30 март -НОВИ САД-

Цели на обуката:

  • Да им помогна на учесниците да ја разберат групната динамика на тимот, и како тимот ќе им помогне во постигнување на сопствените и колективните цели.
  • Да им помогне на учесниците да ја научат правилната употреба на различните алатки за управување со човечките ресурси.
  • Да ја зголеми толерантноста помеѓу членовите на тимот, а со тоа и да ја зголеми продуктивноста на групата.

Што добива вашата институција?

  • Зголемена ефикасност на тимовите,
  • Зголемена продуктивност на поединците,
  • Групните цели стануваат приоритет над личните цели,
  • Подобрени меѓучовечки односи,
  • Решавање на грешки во управувањето
  • Решавање стресни и конфликтни ситуации
  • Зголемена толеранција помеѓу поединците
  • Надминување на предрасуди и бариери
  • Опуштена работна атмосфера

Структура на тренингот:

Тренингот за зајакнување на тимови опфаќа неизменично распоредени активности кои опфаќаат теоретски, практични и забавни делови пропратени со вежби и игри за зајакнување на тимот а за зголемување на толеранцијата помеѓу индивидуалците.

Тренингот се фоксира на однесувањето на секој поединец во симулирани ситуации каде што е потребна групна работа, работа под притисок (ментален и временски), распределба на задолженија и разрешување на конкретни проблеми.

Структурата на тренингот е поделена на три дела

1. Подготвителен дел

-Прашалник кој го пополнува секој учесник, најмалку 7 дена пред почетокот на треинингот.

2. Теоретски дел

-Теоретскиот дел е заснован на теоријата за градење тимови на Мередит Белбин, професор на Henley Management College во Австралија.
Теоријата е заснована на вродените карактерни особини на поединците, и како секој поединец ги манифестира при работа во група, во најразлични симулирани ситуации.

3. Практичен дел

-овој дел опфаќа симулирање на ситуации од секојдневната работа во тим, и различни вежби и игри во кои доаѓаат во израз тимските улоги и начинот на однесување на поединците при работа во тим.

4. Забавен дел

-најразлични активности од забавен карактер, поврзани со зајакнување на меѓучовечките односи и надминување на личните предрасуди.

 

Начин и предуслови за одржување на тренингот:

Се користат техники на групно учество кои поттикнуваат креативно размислување, носење одлуки на база на консензус и градење на тимови. Овој пристап создава чувство на сопственост кај учесниците, дефинирање на јасни цели, отворена комуникација, пошироки перспективи и ги мотивира луѓето да се прилагодат на промените во опкружувањето, а истововремено и да се почитуваат културните традиции и различности на сите кои се вклучени во работата. Заради комплексноста и специфичноста на тренингот потребно е целосно да се исполнат следните предуслови од кои зависи успешноста и резултатите на на тренингот: Неопходна е претходна подготова, која се состои од пополнување на прашалник од страна на секој учесник. За пополнувањето на прашалникот потребен е отприлика еден час. Секој учесник го пополнува самостојно, и без притисок од други обврски.

Главни теми на предавањето ќе бидат:

  • Преглед на обуката и запознавање на учесниците
  • Вежба за загревање и опуштање
  • Вовед во управување со тимски улоги
  • Справување со предизвици на работни места
  • Грешки во управувањето
  • Теорија на Белбин за улогите на тимот
  • Презентација на тимски улоги
  • Кризен тим
  • Разрешување на конфликти во рамките на тимот
  • Ефективни состаноци
  • Поделба по тимови
  • Кризен тим – работа во тимови
  • Практично утврдување на тимските улоги
  • Индивидуални тимски улоги на учесниците
  • Прозорецот на Johari
  • Фази во развој на тимот
  • Тимска синергија
  • BSE - Byo Synchronisation Exercise

 

За пријавување потребно е да ја пополните  ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО  која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот.

 

 Поради голем интерес и ограничениот број на учесници Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 22.03.2019.

НАПОМЕНА!

*Доколку бидете спречени да присувствувате, Ве молиме да не известите ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна пет дена пред почеток на обуката, во спротивно ќе бидете задолжени да платите 90% од вкупниот аранжман (котизација и хотел). Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефан Ангелевски
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com
  • ВИ ПОСАКУВАМЕ УБАВ ДЕН

Обуки

Pages