Обуки

Работилница за новиот Закон за јавни набавки

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ- КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА, ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИ,  УПРАВНА КОНТРОЛА И ПРАВНА ЗАШТИТА и РАЗРАБОТКА НА 10 ТЕ НОВИ ПРАВИЛНИЦИ

Што предвидува новиот закон ; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда - 13.06.2019  година во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје.

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки. Законот за јавните набавки почна со примена од 1 април 2019 година. Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе престане да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14,180/14, 192/15, 120/16 и 167/17). Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми кои ќе бидат презентирани на работилницата се:

TEMA 1 – Новини во новиот Закон за јавните набавки 10 те нови правилници кои прозлегуваат во него

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Нови надлежности на БЈН
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот (нови вредносни прагови под кои не се спроведува постапка);
  • Видови постапки за јавни набавки (детално разработување на новите постапки предвидени со законот);
  • Нови видови известувања на ЕСЈН, начин пополнување на кварталната евиденција и начин на водење на евидентната книга на постапки на ЕСЈН;

ТЕМА 2 – Критериуми за избор на најповолна понуда, критериуми за утврдување способност и евалуација на понудите

  • Критериум за избор на најповолна понуда (цена или трошоци/трошоци за животен век/најдобар однос помеѓу цена и квалитет)
  • Причини за исклучување од постапката / Услови за квалитативен избор на економски оператор
  • Користење на способност од други економски оператори/подизведувачи
  • Евалуација на понуди

TEMA 3 УПРАВНА КОНТРОЛА И ПРЕТХОДНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ

  • Начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање без објавување на оглас  - задолжително за два основи
  • Управна контрола (начин на отпочнување и обврски на договорниот орган што е предмет на управна контрола)

TEMA 4 ПРАВНА ЗАШТИТА

  • Нови надлежности на ДКЖЈН
  • Најзначајни интервенции во законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.
  • Казнени одредби за договорниот орган во случај на жалба

Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство  од областа, експерт и советник за јавни набавки. Г-дин Александар Блажевски, Биро за јавни набавки. Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица Oгњан Прица бр4/1-15 (на јужен булевар кај монтенегро) на Датум:  13.06.2019

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници ,Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 07.06.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502,  075 457 334
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages