Обуки

Работилница за Новиот закон за јавни набавки

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА, ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИ,  УПРАВНА КОНТРОЛА, ПРАВНА ЗАШТИТА и РАЗРАБОТКА НА 10 ТЕ НОВИ ПРАВИЛНИЦИ

Што предвидува новиот закон ; какви обврски и одговорности ќе имаат учесниците во постапката; кои се најзначајните новини со кои се означува реформата во системот за јавни набавки; кој е критериумот за избор на најповолна понуда - 28.06.2019  година во БИТОЛА

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки. Законот за јавните набавки почна со примена од 1 април 2019 година. Со денот на отпочнувањето на примената на овој закон, ќе престане да важи Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија” бр. 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 15/13, 148/13, 28/14, 43/14, 130/14,180/14, 192/15, 120/16 и 167/17). Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни прашања кои произлегуваат од новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Главни теми кои ќе бидат презентирани на работилницата се:

TEMA 1 – Новини во новиот Закон за јавните набавки 10 те нови правилници кои прозлегуваат во него

  • Начела на кои се темелат јавните набавки;
  • Нови надлежности на БЈН
  • Новини кај исклучоците од примена на Законот (нови вредносни прагови под кои не се спроведува постапка);
  • Видови постапки за јавни набавки (детално разработување на новите постапки предвидени со законот);
  • Нови видови известувања на ЕСЈН, начин пополнување на кварталната евиденција и начин на водење на евидентната книга на постапки на ЕСЈН;

ТЕМА 2 – Критериуми за избор на најповолна понуда, критериуми за утврдување способност и евалуација на понудите

  • Критериум за избор на најповолна понуда (цена или трошоци/трошоци за животен век/најдобар однос помеѓу цена и квалитет)
  • Причини за исклучување од постапката / Услови за квалитативен избор на економски оператор
  • Користење на способност од други економски оператори/подизведувачи
  • Евалуација на понуди

TEMA 3 - УПРАВНА КОНТРОЛА И ПРЕТХОДНО МИСЛЕЊЕ ЗА ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ

  • Начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање без објавување на оглас  - задолжително за два основи
  • Управна контрола (начин на отпочнување и обврски на договорниот орган што е предмет на управна контрола)

TEMA 4 ПРАВНА ЗАШТИТА

Нови надлежности на ДКЖЈН

  • Најзначајни интервенции во законот во делот на жалбената постапка;
  • Воведување и имплементација на е-жалба.
  • Казнени одредби за договорниот орган во случај на жалба

Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство  од областа, експерт и советник за јавни набавки - Г-дин Александар Блажевски, Биро за јавни набавки. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници ,Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 21.06.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502,  075 457 334
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages