Обуки

Работилница за новиот Закон за прекршоци

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 19 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 700 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 30 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА на ТЕМА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ - 30.09.2019-Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Програма на обуката

Концепт на Законот за прекршоци

Тема. 1 Насоки за адекватна примена на Закон за прекршоци

Амандманот ХХ на Уставот на Република  Северна Македонија

  • прекршок и  прекршочна санкција
  • подносител на прекршочна постапка
  • прекршочен орган
  • Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка
  • Анализа  на новите законски решенија во Законот за прекршоци

Тема. 2 ПРОЦЕСНИ ДЕЈСТВИЈА ВО ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА 

  • Целта на забрзаните постапки
  • Составување на записник
  • Издавање на мандатен платен налог
  • Поднесување на барање за поведување на прекршочна постапка
  • Известување –право на одбрана
  • Утврдување на фактичика  состојба
  • Индивидуализација при одмерување на санкција опомена или  глоба                              

Тема 3 - ПРАВНА ЗАШТИТА ВО ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА

  • Изготвување на првостепено решение, увод , диспозитив и образложение
  • Право на жалба-конечно решение
  • Судска заштита двостепеност на управаниот спор 
  • Активна легитимација
  • Времени мерки
  • Постапка за извршување на правосилна судска пресуда

Практичен осврт на прекршочна постапка

Тема 4- ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ЗАКОН ЗА ПРЕКРШОЦИ

  • Најчести пропусти во текот на прекршочна постапка и насоки за нивно надмнувување
  • Пропусти сторени при надзор и контрола на инспекциски органи
  • Одземање на предмети
  • Ефикасноста на прекршочна постапка
  • Одлуките на Уставен суд на Република Северна Македонија
  • Воедначена судкса пракса

Предавач на обуката - М-р Едита Насковска - судија на Управен суд на Република Македонија

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ке Ви помогне слободно да се обратите до  нас за секое прашање или дилема поврзано  со темата а нашиот предавач ке ке помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО

 

Краен рок на доставување на пријавите е 10.09.2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

 

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages