Обуки

Работилница за План за вработување 2020

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ  2020 -ЗАКОНСКИ РОК СЕПТЕМВРИ 2019  – прв чекор кон зголемување и зајакнување на човечките капацитети во институциите од јавниот сектор, постапка за негово донесување со осврт и примена на измените и дополнувањата на Законот за вработените во јавниот сектор - 18.06.2019 год во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје.

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Краен рок на доставување на годишните планови за вработување  е септември 2019. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство  во областа – Г-ѓа  Андријана Матиловска

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

ТЕМА 1 Пополнување на работни места во јавниот сектор

  • Законски основ за подготовка на годишниот план;
  • Обврска за планирање на вработувањата;
  • Видови на вработувања и обврска за нивно планирање во годишен план за вработување;
  • Измени и дополнувања на Законот за вработени во јавен сектор кои се однесуваат на постапката за донесување на годишните планови за вработување;
  • Постапка за донесување на годишен план за вработување;
  • Надлежни органи кои даваат согласност и мислење на планот;
  • Кога е потребна согласност од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор;
  • Што во случај на недобивање согласност;
  • Ненавремено постапување по планот од страна на органите надлежни за давање согласност;
  • Неправилности во поглед на донесувањето на годишни планови за вработување;
  • Временска рамка на постапката за донесување на планот;
  • Кога планот се смета за донесен;
  • Кој е крајниот рок за донесување на годишниот план за вработување;

ТЕМА 2 Форма и содржина на годишниот план за вработување

  • Како правилно треба да се прикаже постојната состојба на вработени во институцијата;
  • Дали сите лица кои се на платен список на институцијата се прикажуваат во годишниот план;
  • Прикажување на вработените на кои треба да им престане работниот однос по основ на пензионирање, но може да го искористат законското право да продолжат со работа;
  • Податоци за движења на вработените во рамки на институцијата и/или јавниот сектор;
  • Предвидување и планирање на нови вработени;
  • Примена на начело на правична застапеност;
  • Предуслови за планирање на нови вработени;
  • Најчести грешки при пополнување на годишните планови;
  • Извештај за реализација на годишниот план;
  • Изменување и дополнување на годишниот план за вработување.

ТЕМА 3 Случаи кога не е направено планирање на вработувања

  • Екипирање кадар во законска постапка надвор од рамките на годишниот план за вработување;
  • Непредвидливи случаи кои доведуваат до потреба од измена на планот;
  • Дали согласноста на годишниот план подразбира и согласност за вработување; 
  • Одговорност при непочитување на одредбите за спроведување на постапката за донесување на годишниот план за вработување.

Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица огњан проца бр4/1-15 (на јужен булевар кај монтенегро) на Датум: 18.06.2019. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 14.06.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages