Обуки

Работилница за план за вработување 2020 во Струмица

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

ПЛАН ЗА ВРАБОТУВАЊЕ  2020 - ЗАКОНСКИ РОК СЕПТЕМВРИ 2019 – прв чекор кон зголемување и зајакнување на човечките капацитети во институциите од јавниот сектор, постапка за негово донесување со осврт и примена на измените и дополнувањата на Законот за вработените во јавниот сектор - 23.08.2019 год во просториите на НУ ЗАВОД-МУЗЕЈ во Струмица.

Обуката е наменета за директори, правници, човечки ресурси и сите заинтересирани за оваа проблематика , предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Краен рок на доставување  на  годишните планови за вработување  е Септември 2019. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство  во областа – Г-ѓа  Андријана Матлиоска.

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

ТЕМА 1 Пополнување на работни места во јавниот сектор

  • Законски основ за подготовка на годишниот план;
  • Обврска за планирање на вработувањата;
  • Видови на вработувања и обврска за нивно планирање во годишен план за вработување;
  • Измени и дополнувања на Законот за вработени во јавен сектор кои се однесуваат на постапката за донесување на годишните планови за вработување;
  • Постапка за донесување на годишен план за вработување;
  • Надлежни органи кои даваат согласност и мислење на планот;
  • Кога е потребна согласност од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор;
  • Што во случај на недобивање согласност;
  • Ненавремено постапување по планот од страна на органите надлежни за давање согласност;
  • Неправилности во поглед на донесувањето на годишни планови за вработување;
  • Временска рамка на постапката за донесување на планот;
  • Кога планот се смета за донесен;
  • Кој е крајниот рок за донесување на годишниот план за вработување;

ТЕМА 2  Форма и содржина на годишниот план за вработување

  • Како правилно треба да се прикаже постојната состојба на вработени во институцијата;
  • Дали сите лица кои се на платен список на институцијата се прикажуваат во годишниот план;
  • Прикажување на вработените на кои треба да им престане работниот однос по основ на пензионирање, но може да го искористат законското право да продолжат со работа;
  • Податоци за движења на вработените во рамки на институцијата и/или јавниот сектор;
  • Предвидување и планирање на нови вработени;
  • Примена на начело на правична застапеност;
  • Предуслови за планирање на нови вработени;
  • Најчести грешки при пополнување на годишните планови;
  • Извештај за реализација на годишниот план;
  • Изменување и дополнување на годишниот план за вработување.

ТЕМА 3 Случаи кога не е направено планирање на вработувања

  • Екипирање кадар во законска постапка надвор од рамките на годишниот план за вработување;
  • Непредвидливи случаи кои доведуваат до потреба од измена на планот;
  • Дали согласноста на годишниот план подразбира и согласност за вработување; 
  • Одговорност при непочитување на одредбите за спроведување на постапката за донесување на годишниот план за вработување.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Поради голем интерес и ограничениот број на учесници , Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 16.08.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages