Обуки

Работилница за подготвителни активности за 2020, годишен план и активности за јавни набавки

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦА на ТЕМА

Подготвителни активности за 2020 година, носење на годишен план за јавни набавки (е-план), начин на утврдување на набавки под вредносните прагови и нивно евидентирање на ЕСЈН (квартални евиденции), како и планирање на постапките за јавни набавки и нивно спроведување

20.12.2019 СКОПЈЕ – ВО ПРОСТОРИИТЕ НА Ц.Е.С – Тренинг Центар

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки.

Програма на обуката

1. Активности пред отпочнување постапка за јавна набавка

  • начин на подготовка на  годишниот план (е-план) согласно буџетот на договорниот орган за 2020 година
  • пресметување на проценета вредност и утврдување на вид на постапка
  • (практични вежби за изготвување на годишниот план)

 

2. Вредносни прагови за спроведување постапка

  • евиденција на набавките под утврдените законски прагови и начин на нивно објавување на ЕСЈН
  • надлежности на лицето/организацискиот облик при пополнување на кварталните евиденции, известувањата за склучен договор, измени на договорот и пополнување на известување за реализиран договор
  • (практичен пример за пополнување на квартална евиденција)

 

3. Надлежности на комисиите за јавни набавки/единицата за јавна набавка/одговорното лице

  • надлежностите на комисијата за јавни набавки и нејзините обврски при спроведување на постапка за јавна набавка.
  • надлежности на организацискиот облик, новите обврски кои произлегуваат од законот
  • надлежности на одговорното лице

 

4. Видови постапки за јавни набавки и начин на нивно спроведување

  • набавка од мала вредност
  • поедноставена отворена постапка
  • отворена постапка
  • ограничена постапка
  • конкурентна постапка со преговарање
  • конкурентен дијалог;
  • партнерство за иновации;
  • постапка со преговарање без објавување оглас и
  • постапка со преговарање со објавување оглас
  • (изготвување на тендерска документација за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка)

 

5. Следење на реализација на договорите за јавни набавки

  • кој е надлежен за следење на договор за јавна набавка
  • како еден договор се смета за реализиран
  • какви обврски произлегуваат од ЗЈН при реализиран договор

 

6. Начин на спроведување на постапка за јавна набавка

  • разработка на постапка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како најкористени постапки од страна на договорните органи:
  • дали постапката е предвидена во годишниот план?
  • кој ја носи одлуката за јавна набавки и што треба истата да содржи?
  • кој ја изработува тендерската документација, а кој техничките спецификации?
  • дали смее да се предвиди банкарска гаранција, за кои постапки и кои се други инструменти за гаранција на понудата?
  • утврдување на критериум за избор на најповолен понудувач
  • утврдување на критериуми за способност
  • дали постапката ќе заврши со електронска аукција?
  • објавување на оглас
  • начин на комуникација со економските оператори
  • измена, замена и дополнување на тендерската документација
  • начин на отворање на понудите, за кои постапки отворањето е јавно?
  • начин на евалуација на понуди
  • изготвување извештај од спроведена постапка
  • кој носи одлука за избор?
  • известување до учесниците во постапката
  • колкав е рокот за жалба и периодот на мирување во кој не смее да се склучи договорот?
  • е-жалба - кој подготвува одговор и начин на негово прикачување на ЕСЈН?
  • склучување на договор
  • доброволна претходна транспарентност (за постапка со преговарање без објавување на оглас)

 

7. Управна контрола и претходно мислење за постапка со преговарање (нова надлежност на Бирото за јавни набавки)

  • Претходно мислење:
  • основи кои подлежат на законско барање претходно мислење за постапка со преговарање
  • начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање
  • рок на одговор и како да се постапи по добиено претходно мислење за постапка со преговарање
  • (практичен пример за поднесување барање за претходно мислење за постапка со преговарање)

Управна контрола

  • за кои постапки е задолжителна управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки
  • начин на спроведување на управна контрола

8. Правна заштита

  • принцип на е-жалба
  • начин на доставување на одговор на жалба
  • битни повреди на законот
  • одлучување на ДКЖЈН во жалбена постапка
  • (изготвување на одговор на жалба и начин на негово прикачување на ЕСЈН)

 

Во текот на обуката слушателите ќе се запознаат со новиот Закон за јавните набавкии негова примена во пракса. Се предвидува обуката да биде во два дела и тоа:

1. Првиот дел да опфати презентација на Законот за јавните набавки поврзана со начинот на носење на годишниот план за јавни набавки во согласност со буџетот со кој располага договорниот орган. Ќе се опфати делот за обврските на вработените кај договорниот орган во смисла кој е одговорен за составување на годишниот план, како истиот да се прикачи на ЕСЈН (е-план). Ќе се запознаат слушателите со најбитните одредби при примена на постапките за јавни набавки, односно под кои вредносни прагови немаат обврска да спроведуваат постапка и начинот на евидентирање на тие набавки.

Детално ќе се објаснат најкористените видови постапки (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како и начинот на нивно спроведување и утврдување на критериуми за избор и критериуми за способност. Ќе се разработат сите обврски на комисијата за

јавна набавка и единицата за јавна набавка во однос на спроведување на постапките и обврските кои ги имаат поврзани со ЗЈН за објавување на податоци на ЕСЈН.

Како нова надлежност на Бирото за јавни набавки ќе биде објаснета управната контрола и барањето за претходно мислење. Ќе биде разработен и принципот на е-жалба и процедурите за одговор на жалба.

2. Во вториот дел од обуката ќе се пристапи кон практични вежби. Ќе се состави годишен план за јавни набавки, ќе се утврдат постапките во годишниот план во зависност од проценетата вредност. Ќе се спроведе практична вежба за начинот на купување на стоки, услуги или работи под вредносните прагови утврдени во законот.

Ќе се изработат неколку тендерски документации за  набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, а притоа ќе се обрне посебно внимание на специфични предмети на набавка за кои се потребни посебни лиценци, дозволи, решенија и начин на нивно утврдување во тендерската документација.

Практично ќе се пополни и барање за претходно мислење што се испраќа до Бирото за јавни набавки за постапка со преговарање.

Во последниот дел, ќе се изготви еден одговор на жалба и преку дискусија ќе се утврди дали истата е основана или не и како договорниот орган би постапувал при жалба во различни сценарија.

 

Обуката ќе се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство од областа, експерт и советник за јавни набавки. 

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces2@gmail.com.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО. Краен рок на доставување на пријавите е 16.12.2019. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите.

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages