Обуки

Работилница за практична примена на Законот за јавни набавки во Охрид

ЗАШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМИТЕ

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦА на ТЕМА

Практична примена на законот за јавни набавки и улогата на комисиите во постапките за јавни набавки („Службен весник на РСМ“, 24/19) и најважни одредби кои се однесуваат на спроведувањето на постапки за јавни набавки - 10. 09. 2019 - ОХРИД

Обуката е наменета за претставници од сите договорни органи и економски оператори, за лица на управувачки и раководни позиции, за членови на комисии за јавни набавки, за одговорни лица и за вработени во организационата единица за јавни набавки

Програма на обуката

1. Општи одредби и начела на кои се темели Законот за јавните набавки

Предмет на уредување на законот, дефиниции и основни начела на кои се темели Законот за јавните набавки

  • што уредува Законот за јавните набавки
  • надлежни институции во процесот на јавните набавки
  • дефиниции
  • основни начела на законот (транспарентост, еднаков третман, недискриминација на економските оператори, економичност и сразмерност)

Општи исклучоци и вредносни прагови за примена на Законот за јавните набавки

  • општи исклучоци за кои не се применува законот
  • вредносни прагови под кои не се спроведуваат постапки

2. Утврдување на потребите за набавки во текот на годината

Планирање и подготовка на годишниот план за јавни набавки (е-план) и пресметување на проценетата вредност на постапката

  • начин на подготовка на  годишниот план (е-план)
  • пресметување на проценета вредност и утврдување на вид на постапка

3. Надлежности на комисијата за јавни набавки и организацискиот облик за јавни набавки, нивни права и обврски

  • надлежностите на комисијата за јавни набавки и нејзините обврски при спроведување на постапка за јавна набавка.
  • надлежности на организацискиот облик, новите обврски кои произлегуваат од законот
  • надлежности на одговорното лице

4. Видови постапки за јавни набавки и начин на нивно спроведување

  • набавка од мала вредност
  • поедноставена отворена постапка
  • отворена постапка
  • ограничена постапка
  • конкурентна постапка со преговарање
  • конкурентен дијалог;
  • партнерство за иновации;
  • постапка со преговарање без објавување оглас и
  • постапка со преговарање со објавување оглас

5. Начин на спроведување на постапка за јавна набавка

разработка на постапка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како најкористени постапки од страна на договорните органи:

  • дали постапката е предвидена во годишниот план?
  • кој ја носи одлуката за јавна набавки и што трреба истата да содржи?
  • кој ја изработува тендерската документација, а кој техничките спецификации?
  • дали смее да се предвиди банкарска гаранција, за кои постапки и кои се други инструменти за гаранција на понудата?
  • утврдување на критериум за избор на најповолен понудувач
  • утврдување на критериуми за способност
  • дали постапката ќе заврши со електронска аукција?
  • објавување на оглас
  • начин на комуникација со економските оператори
  • измена, замена и дополнување на тендерската документација
  • начин на отворање на понудите, за кои постапки отворањето е јавно?
  • начин на евалуација на понуди
  • изготвување извештај од спроведена постапка
  • кој носи одлука за избор?
  • известување до учесниците во постапката
  • колкав е рокот за жалба и периодот на мирување во кој не смее да се склучи договорот?
  • е-жалба - кој подготвува одговор и начин на негово прикачување на ЕСЈН?
  • склучување на договор

Øзаштита на податоци, информации од јавен карактер и комуникација помеѓу договорниот орган и економскиот оператоp
Øвидови огласи и известувања

  • известување за склучен договор
  • поедноставено известување за склучен договор
  • квартални евиденции
  • известување за реализиран договор
  • доброволна претходна транспарентност (за постапка со преговарање без објавување на оглас)

 

6. Управна контрола и претходно мислење за постапка со преговарање (нова надлежност на Бирото за јавни набавки)

Претходно мислење:

  • основи кои подлежат на законско барање претходно мислење за постапка со преговарање
  • начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање
  • рок на одговор и како да се постапи по добиено претходно мислење за постапка со преговарање

Управна контрола

  • за кои постапки е задолжителна управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки
  • начин на спроведување на управна контрола

Во текот на обуката слушателите ќе се запознаат со новиот Закон за јавните набавки. Предвидено е да се разработи целиот циклус на една постапка за јавна набавка, започнувајќи од донесувањето на планот за јавни набавки, носење одлука за јавна набавка, изработката на тендерска документација и технички спецификации, како и надлежностите на комисијата за јавната набавка при спроведување на постапка од отворање на понудите, евалуација до давање предлог за избор на најповолен понудувач и известување на понудувачите за изборот на најповолен понудувач или за поништување на постапката. Ќе се разграничат улогите на комисијата и единицата за јавна набавка. Ќе се објаснат обврските на одговорното лице во постапката за јавна набавка. Се предвидува да се објаснат сите обврски кои произлегуваат од Законот поврзани со ЕСЈН, односно какви обврски има комисијата на системот и какви обврски има единицата за јавна набавка. Ќе се разработат сите видови постапка, а посебен акцент ќе се стави на најкористените постапки (набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка) и најчестите грешки кои ги прават договорните органи при спроведување на постапката.

На крај се предвидуваат и практични вежби од предавањето, односно спроведување по една постапка од најкористените, почнувајќи од планот за јавни набавки до пополнување на известување за склучен договор на ЕСЈН. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач за јавни набавки со долгогодишно работно практично искуство од областа, експерт и советник за јавни набавки Г-дин Александар Блажески. По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ке Ви помогне слободно да се обратите до  нас за секое прашање или дилема поврзано  со темата а нашиот предавач ке ке помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 07.09. 2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Андријана Јаневска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб 075-225-526
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages