Обуки

Работилница за проблеми и прашања на договорните органи во пракса

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 25 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

РАБОТИЛНИЦА НА ТЕМА

КОНКРЕТНИ И СПЕЦИФИЧНИ ПРОБЛЕМИ И ПРАШАЊА СО КОИ СЕ СООЧУВААТ ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ ВО ПРАКСА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГИ ДОНАЦИИТЕ, ДАНОЦИТЕ И БУЏЕТИРАЊЕТО

24.06.2019 год во просториите на Тренинг Центар ЦЕС-Скопје

Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  со долгогодишно работно практично искуство од Државен завод за ревизија г-дин Бранислав Гулев. 

Главни теми кои ќе бидат презентирани се:

Донирани средства кај буџетски корисници и единици на локална самоуправа:

    - Законска регулатива,

    - Разлика помеѓу донација и спонзорство,

    - Кои правни субјекти се учесници во донацијата ?

    - Склучување на договори,

    - Даночни поттикнувања,

    - Евидентирање, отчетност и надзор.

2. Примена на Законот за извршување на буџетот за 2019 година:

    - Право на исплата на надоместоци и висина на истите,

    - Користење на сопствено возило за службени цели и даночен третман,

    - Патни и дневни трошоци во земјата и во странство.  

3. Примена на Законот за користење и располагање со стварите во делот на закуп на ствари и третман на расходувани средства:

    - Кога се издаваат стварите под закуп,

    - Утврдување на висината на закупнина,

    - Постапка за издавање на ствари под закуп,

    - Чиј е приходот од уплатените средства по основ на закупнина,

    - Дотраени, неупотребливи и технолошки застерни ствари,

    - Постапка при престанување од употреба.

4. Новини во Законот за данокот на добивка:

    - Непрофитни организации како даночни обврзници,

    - Нови непризнаени расходи во делот на: користење на сопствено возило за службени цели, надоместоци за исхрана во ноќна работа, уплатени премии за осигурување, кусоци, примања по основ на деловна успешност, амортизација, реинвестирана добивка. 

5. Набавка на средства по пат на наем:

    - Видови наеми,

    - Трансакции при финансиски наем,

    - Примери за финансиски и оперативен наем кај јавни претпријатија,

    - Наеми кај буџетски корисници,

6. Финансиско управување и контрола:

    - Законска регулатива,

    - Што опфаќа финансиското управување и контрола ?

    - Која е целта на финансиското управување и контролата ?

    - Обврски на менаџментот,

    - Компоненти на финансиско управување и контрола,

    - Внатрешна ревизија.

7. Ангажирање на лица по договор на дело и волонтерство:

- Законска регулатива: Закон за работни односи и Закон за трансформација во редовен    работен однос,

    - Волонтерство,

    - Кој може да биде волонтер ?

 

Обуката  ке се одржи во просториите на Тренинг центар ЦЕС на улица Огњан Прица бр.4/1-15 (на Јужен Булевар кај Монтенегро) на 24.06.2019. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 Поради голем интерес и ограничениот број на учесници, Ве молиме за навремена достава на пријавата. Краен рок на доставување на пријавите е 20.06.2019. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Стефанија Б Марковска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages