Обуки

Работилница за сметководствено евидентирање и даночен третман во Солун

ЗOШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМИТЕ  ПРЕКУ  ДВОДНЕВНА НЕСЕКОЈДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ПРОСЛЕДЕНА СО МНОГУ ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ И НЕВООБИЧАЕНА ИНТЕРАКЦИЈА ПОМЕЃУ СЛУШАТЕЛИТЕ 

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ТРЕНИНГ ЦЕНТАР C.E.S ВЕ ПОКАНУВА НА

ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА  НА ТЕМА:

СМЕТКОВОДСТВЕНО ЕВИДЕНТИРАЊЕ И ДАНОЧЕН ТРЕТМАН НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ ТРАНСАКЦИИ ВО ДЕЛОВНИТЕ КНИГИ КАКО И ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ПРЕД ОТПОЧНУВАЊЕ  НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНА НАБАВКА, НАЧИН И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКИТЕ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СЛЕДЕЊЕ НА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ДОГОВОР И ОБВРСКИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ЗАКОНОТ "

24-25-26 ОКТОМВРИ 2019 Р. ГРЦИЈА СОЛУН 

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА Сметководители, за членови на комисии и за вработени во организационата единица за јавни набавки,директори, лица на управувачки и раководни позиции,финансиски сектор,  како и за претставници од сите договорни органи,економски оператори, и други засегнати страни

Модул 1 „Сметководствено евидентирање и даночен третман на сметководствени трансакции во деловните книги“

Признавање на приходи и расходи кај непрофитните организации и проценување на билансните позиции:

  • Сметководствени принципи и начела за признавање на приходите и расходите,
  • Што претставува модифицирано сметководство,
  • Системски слабости и недоследности при признавање на приходите и расходите,
  • На кој начин се проценуваат средствата, побарувањата и обврските во деловните книги,
  • Вежби/задачи во групи.

Евидентирање на хартии од вредност кај буџетските корисници:

  • Кои сметки се пропишани за нивно евидентирање,
  • Кое е досегашното искуство при нивно евидентирање,
  • Издавање на хартии од вредност,
  • Сметководствен третман на други видови вредносни бонови,
  • Вежби/задачи во групи.

Сметководствен и даночен третман на расходувани средства кај јавни претпријатија и буџетски корисници:

  • Сметководствен третман кај јавни претпријатија,
  • Даночно ослободување,
  • Расходување на постојани средства,
  • Даночно ослободување,
  • Сметководствен третман кај буџетски корисници,
  • Третман на отпад кај движни ствари,
  • Вежби/задачи во групи.

Данок на додадена вредност кај буџетски корисници со посебен осврт на член 10 од Законот за ДДВ:

  • Дали и во кои случаи буџетските корисници се даночни обврзници,
  • Посебен осврт на член 10 од Законот за ДДВ,
  • Остварен промет како основа за регистрирање,
  • Сметководствен третман,
  • Пример, вежба во група.

Евидентирање на нематеријални средства кај буџетски корисници:

  • Кои средства претставуваат нематеријални средства,
  • Најчесто поставени прашања,
  • Пресметка на амортизација,
  • Вежби/задачи во групи.

Донации во спортот и даночен третман од аспект на данокот на добивка:

  • Остварување на правото на намалување на пресметаниот данок,
  • Поднесување на барање до УЈП,
  • Потврдување или одбивање на барањето од страна на УЈП,
  • Известување на УЈП за извршената донација,
  • Кои се ограничувањата во однос на користење на финансиски средства,
  • Кои спортски клубови имаат право на ваучер.

Закон за практиканство:

  • Што претставува практикантство,
  • Услови за вршење на практикантска работа,
  • Времетраење на практикантска работа,
  • Надоместо за практикантска работа,
  • Права и обврски на практикант,
  • Договор за практикантска работа.

Новини во Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост:

  • Чиј е приходот остварен за време на користење на стварите,
  • Продажба, размена и давање под закуп на ствари во државна сопственост.

Донации и нивно сметководствено евидентирање:

  • Отворање на сметка за донации согласно Упатството за начинот на трезорско работење,
  • Даночни поттикнувања,
  • Сметководствено евидентирање на донации.

Модул 2 : Подготвителни активности пред отпочнување на постапка за јавна набавка, начин и спроведување на постапки за јавни набавки, следење на реализацијата на договор за јавна набавка и обврски кои произлегуваат од Законот за јавните набавки за сите лица вклучени во процесот на јавните набавки                                         

Активности пред отпочнување постапка за јавна набавка

  • начин на подготовка на  годишниот план (е-план) согласно буџетот на договорниот орган
  • пресметување на проценета вредност и утврдување на вид на постапка

Вредносни прагови за спроведување постапка

  • евиденција на набавките под утврдените законски прагови и начин на нивно објавување на ЕСЈН
  • надлежности на лицето/организацискиот облик при пополнување на кварталните евиденции, известувањата за склучен договор, измени на договорот и пополнување на известување за реализиран договор

Надлежности на комисиите за јавни набавки/единицата за јавна набавка/одговорното лице

  • надлежностите на комисијата за јавни набавки и нејзините обврски при спроведување на постапка за јавна набавка.
  • надлежности на организацискиот облик, новите обврски кои произлегуваат од законот
  • надлежности на одговорното лице

(работа во групи – делење на надлежностите при постапка за јавна набавка)

Видови постапки за јавни набавки и начин на нивно спроведување

  • набавка од мала вредност
  • поедноставена отворена постапка
  • отворена постапка
  • ограничена постапка
  • конкурентна постапка со преговарање
  • конкурентен дијалог;
  • партнерство за иновации;
  • постапка со преговарање без објавување оглас и
  • постапка со преговарање со објавување оглас

Следење на реализација на договорите за јавни набавки

  • кој е надлежен за следење на договор за јавна набавка
  • како еден договор се смета за реализиран
  • какви обврски произлегуваат од ЗЈН при реализиран договор

Начин на спроведување на постапка за јавна набавка

разработка на постапка за набавка од мала вредност, поедноставена отворена постапка и отворена постапка, како најкористени постапки од страна на договорните органи:

  • дали постапката е предвидена во годишниот план?
  • кој ја носи одлуката за јавна набавки и што треба истата да содржи?
  • кој ја изработува тендерската документација, а кој техничките спецификации?
  • дали смее да се предвиди банкарска гаранција, за кои постапки и кои се други инструменти за гаранција на понудата?
  • утврдување на критериум за избор на најповолен понудувач
  • утврдување на критериуми за способност
  • дали постапката ќе заврши со електронска аукција?
  • објавување на оглас
  • начин на комуникација со економските оператори
  • измена, замена и дополнување на тендерската документација
  • начин на отворање на понудите, за кои постапки отворањето е јавно?
  • начин на евалуација на понуди
  • изготвување извештај од спроведена постапка
  • кој носи одлука за избор?
  • известување до учесниците во постапката
  • колкав е рокот за жалба и периодот на мирување во кој не смее да се склучи договорот?
  • е-жалба - кој подготвува одговор и начин на негово прикачување на ЕСЈН?
  • склучување на договор

доброволна претходна транспарентност (за постапка со преговарање без објавување на оглас)

(практична вежба – начин на спроведување постапка, носење одлука за јавна набавка и изготвување тендерска документација)

Управна контрола и претходно мислење за постапка со преговарање (нова надлежност на Бирото за јавни набавки)

Претходно мислење:

  • основи кои подлежат на законско барање претходно мислење за постапка со преговарање
  • начин на изготвување на барање за претходно мислење за постапка со преговарање
  • рок на одговор и како да се постапи по добиено претходно мислење за постапка со преговарање

Управна контрола

  • за кои постапки е задолжителна управната контрола од страна на Бирото за јавни набавки
  • начин на спроведување на управна контрола
  • (вежби – начин на изготвување на барање за претходно мислење)

Правна заштита

  • принцип на е-жалба
  • начин на доставување на одговор на жалба
  • битни повреди на законот
  • одлучување на ДКЖЈН во жалбена постапка

(вежба – составување одговор на жалба и надлежности на лицата при жалбена постапка)

Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира од страна на сертифицирани обучувачи со долгогодишно работно практично искуство од областа, Г-дин Александар Блажески- Биро за јавни набавки  и   Г- дин Бранислав Гулев -  Државен Завод за Ревизија. По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 

Краен рок на доставување на пријавите е 18.10.2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Андријана Јаневска

Обуки

Pages