Обуки

Работилница за спроведување на ПОПИС 2019 на средства, побарувања и обврски!

ЗАШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.?

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 20 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој во својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 35 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА РАБОТИЛНИЦАТА НА 13.11 2019

ЗАТОА ШТО СО НАС ЌЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ИЗГОТВУВАЊЕ  НА ПОПИСОТ ЗА 2019 ГОДИНА КАКО И АМОРТИЗАЦИЈАТА И РЕВАЛОРИЗАЦИЈАТА КАЈ БУЏЕТСКИТЕ КОРИСНИЦИ

ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА  НА ТЕМА

„Спроведување на ПОПИС 2019 на средства, побарувања и обврски, усогласување на фактичката и сметководствената состојба во деловните книги кај трговските друштва и буџетските корисници

13.11.2019 ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, практични вежви за изготвување на обрасците, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите. Обуката ке се реализира од страна на сертифициран обучувач со долгогодишно работно практично искуство од областа, Г- дин Бранислав Гулев -  Државен Завод за Ревизија. ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА Сметководители, за членови на комисии и за вработени во организационата единица за јавни набавки,директори, лица на управувачки и раководни позиции,финансиски сектор,  како и за претставници од сите договорни органи,економски оператори, и други засегнати страни

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com.

ПРОГРАМА ЗА ОБУКАТА

ТЕМА 1 Попис на средства и обврски кај буџетски корисници и трговските друштва:

  • Законска регулатива,
  • Фази на спроведување на попис,
  • Формирање на комисии за попис,
  • Членови на комисии за попис,
  • Рокови за започнување и завршување на попис,
  • Утврдување на фактичка состојба,
  • Попис на постојани средства со примери,
  • Попис на залихи со примери,
  • Попис на побарувања и обврски со примери,
  • Попис на парични средства,
  • Содржина Извештај за извршен попис,
  • Разгледување на Извештај,
  • Усогласување на фактичка со сметководствена состојба,
  • Практични вежби и задачи.

ТЕМА 2 Амортизација и ревалоризација кај буџетски корисници и трговските друштва:

  • Законска регулатива,
  • Амортизација кај буџетски корисници согласно законска регулатива,
  • Амортизација кај трговските друштва согласно МСС?МСФИ,
  • Сметководствени начела за пресметка на амортизација кај двата сметководствени системи,
  • Ревалоризација,
  • Обрасци за пресметка на ревалоризација,
  • Практични вежби и задачи.

ТЕМА 3 Коригирање на сметководствени грешки:

  • Сметководствени начела за буџетски корисници,
  • Сметководствени начела кај трговските друштва согласно МСС/МСФИ,
  • Што претставува грешка,
  • Корекција на грешка од минатиот период,
  • Примери,
  • Практични вежби и задачи.

ТЕМА 4 Пополнување на даночен биланс „ДБ“ од страна на буџетски корисници и трговски друштва:

  • Сметководствен третман на данокот на добивка според МСС 12 – Даноци на добивка,
  • Одложени даночни средства и обврски,
  • Утврдување на финансиски резултат,
  • Непризнаени расходи за даночни цели,
  • Даночна основа и намалување на даночна основа,
  • Пополнување на даночен биланс „ДБ“ од страна на буџетски корисници.

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 08.11.2019. Поради голем интерес Ве замолуваме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

Обуки

Pages