Обуки

Работилница за утврдување на право на пораст на плата, данок на личен доход...

ЗOШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.

Затоа што 19 години сме  лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ДАНОЧНИТЕ РЕФОРМИ-  ЕДНОДНЕВНАТА  НЕСЕКОЈДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ПРОСЛЕДЕНА СО МНОГУ ПРАКТИЧНИ ВЕЖБИ И НЕВООБИЧАЕНА ИНТЕРАКЦИЈА ПОМЕЃУ СЛУШАТЕЛИТЕ 

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ТРЕНИНГ ЦЕНТАР C.E.S ВЕ ПОКАНУВА НА ПРАКТИЧНА РАБОТИЛНИЦА  НА ТЕМА:

УТВРДУВАЊЕ НА ПРАВО НА ПОРАСТ НА ПЛАТА / БРУТО ПЛАТА, ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД, МИНИМАЛНА ПЛАТА (БРУТО/НЕТО ИЗНОС), ДАНОК НА ДОБИВКА И НАЧИНОТ НА ПОСТАПУВАЊЕ ПРИ ДАВАЊЕТО И ПРИМАЊЕТО НА ДОНАЦИИ / СПОНЗОРСТВА ВО ЈАВНИОТ СЕКТОР

30.10.2019- Скопје

Обуката е наменета за раководители на единицата за финансиски прашања, внатрешни ревизори, директори, сметководители и одговорни лица, предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

Обуката ке се реализира  од страна на експерти- предавачи  докажани во својата област со долгогодишно работно искуство-  претставник од Државниот завод за ревизија

ОБУКАТА КЕ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ТРЕНИНГ ЦЕНТАР ЦЕС - ул огњан прица бр 4/1-15 на јужен булевар ( монтенегро и стопанска банка)

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

ТЕМА 1 - Утврдување на право на бруто плата

  • Административни службеници;
  • Даватели на услуги;
  • Помошно технички лица.

ТЕМА 2 - Данок на личен доход:

  • Видови на доход / опфат на личен доход;
  • Даночен период;
  • Даночен обврзник;
  • Даночна основа;
  • Даночно намалување за 2019 година;
  • Даночни стапки (прогресивно оданочување);
  • Надоместоци на кои не се плаќа данок на доход;
  • Утврдување на одделни видови доход;

Доход од работа;

  • Гранична вредност;
  • Начин на пресметување / претварање нето плата во бруто плата;
  • Формула на пресметување на нето плата во бруито плата во услови на даночни стапки од 10 и 18 %;

Доход од авторски и сродни права;

  • Гранични вредности;
  • Начин на претворање на нето авторскиот надоместок во бруто износ (формули за поединечните износи);

ТЕМА 3 - Данок на добивка и Практични примери вежби

  • Предмет на оданочување потреба или фиктивна обврска;
  • Непризнати расходи за даночни цели;
  • Задржување на данок на приход платен на странски правни лица;
  • Практични вежби.
  • Предмет на оданочување потреба или фиктивна обврска во јавниот сектор;
  • Новини за данокот за добивка за НВО.

ТЕМА 4 - Давање и примање на донации

  • Потребата од склучување на договор за донација / спонзорство
  • Утврдување на јавниот интерес
  • Подготвување на извештај за добиените донации / спонзорства/ кога и зошто?
  • Каде се доставува извештајот?

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ќе Ви помогне слободно да ни  се обратите  за секое прашање или дилема поврзано  со темата, а нашиот предавач ќе помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО:

Краен рок на доставување на пријавите е 25.10.2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Андријана Јаневска
  • моб.075-225-526
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил-  trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages