Работилница за законот за административни службеници

Тренинг центар Ц.Е.С веќе 18 години е лидер во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку 400 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл. и преку 20 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот. Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство Ви испраќаме

ПОКАНА ЗА  РАБОТИЛНИЦА ЗА

ЗАКОНОТ ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ (постапка за оценување на административните службеници)

 

Обуката  ке се одржи  на датум:  03.12.2018 во просториите на Тренинг Центар ЦЕС. Административни службеници вработени во организациските единици за човечки ресурси и/или правни работи во органите на државната и локалната власт и институциите кои вршат дејности  од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот и социјалната заштита, спортот како и други дејности од јавен интерес утврден созакон а организиран како агенции, фондови ,јавни установи и јавни претпријатија

Обуката ке се реализира  од страна на експерт- предавач  докажан во својата област со долгогодишно работно искуство во Министерство за Информатичко Општество. Предвиден е интерактивен пристап и дискусија во однос на сите актуелни проблеми со кои се соочуваат вработените во пракса. Предвидено е разгледување на конкретни примери, анализа на проблеми и наоѓање на најсоодветно решение за истите.

ОПФАТЕНИ ТЕМИ НА ОБУКАТА

Тема 1. Што претставува системот на оценување 360

Оценување – 360 и поставување на цели

  • Вовед во обуката
  • Што преставува систем на оценување 360
  • Поставување на работни цели
  • Вежба

 Тема 2 - Предуслови за оценување

  • Што се е потребно за да може да се спроведе оценувањето 
  • Индивидуален план за стручно усовршување
  • Полугодишно интервју   
  • Вежба – сендвич техника
  • Прашања и дискусија.

Тема 3 - Постапка на оценување

  • Други оценувачи
  • Оценување од претпоставени
  • Координација за оценки „5“

Тема 4 - Грешки при спроведување на постапката

  • Кои пропусти најчесто се прават
  • вежба
  • Прашања и дискусија
  • Пополнување на евалуациски листи за обуката

 

За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО која е во прилог на овој меил и да ја вратите назад на истиот. Поради голем интерес и ограничениот број на учесници максимум 16 слушатели, Ве молиме за навремена достава на пријавата.

Краен рок на доставување на пријавите е 30.11.2018 петок

Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

Контакт лице

  • Елена Цацаноска
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages