Службеник во сметководство

Дали знаете зошто некоја личност е поуспешна во деловниот свет од друга? Во што е разликата?

Не, не е во прашање талент, ниту упорност, а нема ниту среќата многу влијание. Она што денес ја издвојува една личност од масата народ и што ја прави успешна е поседување на вистинско знаење и вештини, како и нивна правилна употреба. Поседувањето вештини кои можат да ви донесат добро платена работа, дури и во денешното време на несигурност, се непроценливо богатство.

Со децении наназад работата службеник во сметководство се наоѓа меѓу првите пет најбарани и најплатени работи во Македонија.

Затоа што занимањето службеник во сметководство е неопходно на секоја фирма. Службениците во книговодство и сметководство се важен сегмент на успешното работење, со оглед на тоа дека уредното и одговорно водење на деловните книги директно влијае на вкупната финансиска добивка.

НАПРАВЕТЕ ГО ЧЕКОРОТ И СТАНЕТЕ ЕДЕН ОД НАЈБАРАНИТЕ И НАЈПЛАТЕНИТЕ КАДРИ!

  • За кого е наменет - лица кои би сакале да работат во рамките на некое сметководствено биро или како службеници во книговодство во некоја компанија, фирми кои сакаат да ги обучат своите вработени, вработени кои сакаат да стекнат дополнително знаење и да напредуваат во кариерата, лица кои сакаат да се осамостојат и да отпочнат сопствен бизнис
  • Времетраење - 2-3 месеци по договор според утврдена динамика
  • Почеток на обуката - 15.11.2018
  • Каде - Во просториите на Тренинг центар ЦЕС

ДОБИВАТЕ ВАУЧЕР ОД 4,360 ДЕНАРИ ДОКОЛКУ СЕ ПРИЈАВИТЕ ДО 12.11! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА ТЕЛЕФОН - 078 339 502!​

Програмата “Службеник во сметководство” е насочена кон стручно оспособување на кандидатите од областа на основни (почетни) теоретски и практични знаења и умеења за водење на сметководствената евиденција и утврдувањето на резултатите од работењето. Стекнатите вештини ќе им помогнат на кандидатите полесно вработување и конкурентност на пазарот на трудот.

Во реализација на програмата ќе се применуваат современи наставни методи, вербални (усно изложување, разговор), визуелни, практични методи (практична работа- вежби) кои ќе му овозможат на кандидатот континуирана активност за целокупното траење на обуката. Оценувањето на постигањата на кандидатите ќе се врши преку следење и вреднување на знаењата и умеењата во текот на целата обука, усно, писмено-тестови на знаења на определени тематски целини и сегменти, практична работа – вежби и на завршниот испит.

Кандидатот кој  успешно ќе ја заврши обуката се здобива со ПРИЗНАЕН ДРЖАВЕН СЕРТИФИКАТ за „Службеник во сметководство”.

Структурата на програмата за “Службеник во сметководство” е следна:

  • стручно-теоретски дел,
  • практична обука и
  • проверка на постигањата на кандидатите (завршен испит). 

1. Стручно-теретскиот  дел од обуката ќе се реализира во простории опремени со работни маси за секој учесни компјутери со сметководствен програм за секој учесник, интернет, аудио и видео опрема и сл.

2. Практичната обука ќе се реализира во современо опремена канцеларија со компјутери со инсталиран сметководствен програм каде секоја наставна целина паралено со теоретскиот дел ке се работи и на сметководствен програм на компјутер,   кандидатите ке добијат работни материјали со кои  вистински се срекаваат во праксата и истите ке ги книжат во сметково дствен програм инсталиран на компјутер,

Со кандидатите  во теоретскит и практичниот дел ќе работат Сметководители - Професор  со повеќегодишно  практично работно  искуство, со завршено високо образование,  VII/1 степен, дипломиран економист.

ОПИС НА ПРОГРАМАТА

  • Основи на сметководството;
  • Поим за сметководство, сметководствени принципи и основи на двојното сметководство;
  • Средства, обврски и капитал;
  • Поим и класификација на средствата и изворите на претпријатието;
  • Сметководствена равенка за пресметување на капиталот;
  • Содржина на сметководствен план;
  • Поим и содржина на сметководствен план;
  • Евиденција на постојаните (нетековсни) средства;
  • Поим, карактеристики и  видови на постојаните средства (нематеријални,   материјални вложувања и долгорочни финансиски  вложувања);
  • Евиденција на постојаните средства;
  • Евиденција на тековните средства (парични средства, побарувања и краткорочни финансиски вложувања); 
  • Поим, карактеристики и поделба на тековните средства;
  • Изработка и книжење на касов извештај;
  • Книжење на банков извод;
  • Евиденција на побарувањата и краткорочните финансиски вложувања;
  • Евиденција на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар;
  • Набавка на суровините и материјалите, резервните делови и ситниот инвентар и нивно примање на залиха по набавна цена;
  • Оформување на документација при набавка и изработка на калкулација за пресметка на набавна цена;
  • Евиденција на готови производи;
  • Евиденција на готовите производи по цена на чинење;
  • Евиденција на  продажбата на готови   производи;
  • Евиденција на трговски стоки;
  • Евиденција на набавка на трговска стока во   магацин по набавни и продажни цени;
  • Изработка на калкулација за пресметка на набавни цени и продажни цени;
  • Евиденција на набавката на стоки во продавница;
  • Евиденција на увозот и извозот на трговски стоки;
  • Евиденција на  реализацијата на   трговски стоки на големо и мало;
  • Трошоци во претпријатие;
  • Дефинирање напоимот на трошоци ;
  • Видови на трошоци;
  • Документи за трошоците;
  • Евиденција на услугите со карактер на материјални   трошоци;
  • Поим и видови на амортизацијата;
  • Методи за пресметка на амортизацијата;
  • Поим и видови на нематеријални трошоци;
  • Поим и видови на плати и надоместоци од плати;
  • Затварање на сметките на трошоци;
  • Евиденција на приходи и расходи;
  • Поим, видови и карактеристики на расходите;
  • Поим, видови и карактеристики на приходите;
  • Поим и утврдување на финансиски резултат;
  • Поим, утврдување на добивка и распределување на добивката;
  • Поим, утврдување на загуба и покривање на загубата;
  • Евиденција на капитал и резерви;
  • Дефинирање на поимот на капиталот и резервите;
  • Групирање на капиталот и резервите;
  • Евиденција на капиталот и резервите;
  • Финансиски извештај;
  • Поим и изработка на биланс на состојба (извештај за финансиската состојба);
  • Поим и изработка на биланс на успех (извештај за добивка или загуба);
  • Евиденција на годишна сметка;
  • Пресметка на даноци;
  • Поим, видови и пресметка на даноци и   даночни основи;
  • Поим и правила за книжење на сметките и  сметководствените настани.

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • Ги познава основните принципи и постапки во сметководствената теорија и практика;
  • Дефинира и објаснува поими од областа на сметководството;
  • Разбира сметководствени настани;
  • Идентификува сметки во сметковниот план;
  • Применува сметки од сметковниот план во книжењата при евиденцијата;
  • Евидентира постојани (нетековни средства);
  • Евидентира готовински и безготовинскиот платен промет, побарувања, материјали, обврски и капиталот на претприејатието;
  • Извршува постапка за набавка на суровини и материјали, резервни делови и ситен инвентар;
  • Евидентира производство на готови производи;
  • Извршува пренос на готовите производи од магацин во продавница;
  • Евидентира набавка и продажба на трговските стоки во земјата и странство;
  • Извршува постапка за продажба на трговските стоки на големо и мало;
  • Евидентира документи за увоз и извоз;
  • Ги знае содржините на финансиските извештаи;
  • Ги препозна поимот и видовите средства од изворите на средства;
  • Го разбира значењето на трошоците во претпријатијата;
  • Препознава трошок од расход.

Зашто во Тренинг центар ЦЕС?

Обуката опфаќа теоретски и практичен дел и обезбеден материјал за работа. Тренинг центар ЦЕС обучува стручен кадар во оваа област на високо ниво, што претставува одлична појдовна основа за секој кој што сака да се бави со овој профитабилен бизнис. Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу  ученикот и работодавачот бесплатно.

  • Затоа што ние ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа. 
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при запослување на кандидатите кои што ја завршиле обуката и директно посредува измеѓу ученикот и работодавачот бесплатно
  • Затоа што ние нудиме бесплатна пракса
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки

ДОЈДЕТЕ И УВЕРЕТЕ СЕ ЗАШТО СМЕ НАЈДОБРИ!

Обуки

Pages