Обуки

Советување за новини во новиот Закон за основно образование

ЗOШТО ДА ПОСЕТИТЕ ОБУКА ВО ТРЕНИНГ ЦЕНТАР Ц.Е.С.?

Затоа што 19 години сме лидери во областите на (не)формалното образование,  центар за тренинг и обука, кој на својот времеплов книжи преку  2000 реализирани обуки, семинари, конференции, in-house обуки и сл, преку 32 000 обучени учесници од различни профили во Македонија и регионот.

ЗАТОА ШТО СО НАС КЕ РЕШИТЕ МНОГУ ПРАШАЊА И ДИЛЕМИ ПОВРЗАНИ СО ТЕМИТЕ

Со голем успех, го промовираме и развиваме концептот на доживотно учење и унапредување на квалитетот на културниот живот во градот и регионот, континуирано  следејќи ги промените што настануваат во законските обврски, како и барањата за континуирано меѓусебно информирање, размена на информации, искуства, зголемувањето на вештините, со задоволство  ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА

ЗА СОВЕТУВАЊЕ на ТЕМА „Новини  во новиот Закон за основно образование и во новиот Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта (Сл.весник бр.161/19) “ 

15. 10. 2019 _СКОПЈЕ_Ц.Е.С Тренинг Центар

ОБУКАТА Е НАМЕНЕТА ЗА ДИРЕКТОРИ, СЕКРЕТАРИ, НАСТАВНИЦИ, ПЕДАГОЗИ, ПСИХОЛОЗИ, СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Напомена: Ова советување е посебно фокусирано на потребите на основните и средните училишта, наменето е за директори, секторот човечи ресурси, стручна служба и наставници. Имено, во Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и во Законот за основно образование, два целосно нови закони суштински важни за образовниот систем кои ќе го подобрат квалитетот на основното образование и статусот на просветните работници, излезени на 05.08.2019 година во Службен весник на Република Северна Македонија бр.161/19, се содржани цел спектар на права и обврски за училиштата, кои ја наметнаа потребата од одржување на советување каде ќе бидат дадени насоки за ефикасна и ефективна примена на двата предметни закони.

Новини во Законот за основно образование (Сл.весник бр.161/19)

новини за учениците

- државно и меѓународно тестирање на учениците

- препознавање на талентирани и надарени ученици, туторство на учениците, образовни медијатори

- новини за учеството на меѓународни натпревари на учениците

- тим за интеграција кој ќе биде насочен кон мултикултурализмот/интеркултурализмот и меѓуетничката интеграција на децата, и инклузија на учениците со попреченост во редовната настава и видовите на нивна поддршка

новина во однос на поддршката која што им се дава на учениците и на родителите во однос на нивната професионална ориентација

 - новини во однос на квалитетот на исхраната, нутритивните аспекти

- ученичкото организирање и учество на учениците во носењето на одлуки во училиштето кои се од нивен интерес

новини за  наставниците - кариерен развој, унапредување на приправничкиот стаж, платен зимски распуст, наставници за организирање на физичкото образование и спорт,образовни/лични асистенти
новини во органите на управување и раководење и многу други новини

 

Новини во Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта (Сл.весник бр.161/19) со пресек на најзначајните одредби

  • условите за вршење на професијата наставник и стручен соработник во основните и средните училишта во Република Северна Македонија,
  • засновањето на работниот однос,
  • категориите на наставници и стручни соработници,
  • работните задачи,
  • континуираното стручно усовршување (професионален развој),
  • напредувањето во звања (кариерен развој) и
  • одземање на звање.

Примена во практиката на одредбите од Законот за основно образование  и од Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта- дискусија, прашања и одговори

Предавач: Мерлина Толевска - Советник за нормативно - правни работи, управување со човечки ресурси и општи работи со долгогодишно работно практично искуство во образование

2 + 1 ГРАТИС – ЗА ДВЕ ЛИЦА ОД ЕДНО УЧИЛИШТЕ , ТРЕТОТО ЛИЦЕ ДОБИВА ГРАТИС ОБУКА

По завршување на обуката Тренинг центар ЦЕС Ви овозможува  консалтинг услуга која ке Ви помогне слободно да се обратите до  нас за секое прашање или дилема поврзано  со темата а нашиот предавач ке ке помогне во решавање на истото. Прашањата треба да бидат  адресирани на меил адресата trainingcenterces@gmail.com. За пријавување потребно е да ја пополните ПРИЈАВАТА  ЗА УЧЕСТВО:

 

Краен рок на доставување на пријавите е 11.10.2019. Поради голем интерес ве молиме за навремена достава на пријавите. Ве очекуваме да ни се придружите и заеднички да ги разрешиме сите отворени прашања и дилеми поврзани со темите.

  • Андријана Јаневска
  • моб.075-225-526
  • Тренинг Центар ЦЕС
  • тел./факс ++389 32- 32- 510
  • моб. 078-339-502
  • веб сајт www.ces.mk
  • е-маил-  trainingcenterces@gmail.com

Обуки

Pages