Управување со проекти

 

Бројот на компании и институции кои имаат потреба од професионалци со компетенции и вештини за успешно проектирање, менаџирање, управување и искористување на ресурсите и водење на проекти секојдневно се зголемува. Сè поголем број работодавци бараат вработени кои ја владеат оваа област, а тоа значи дека учесниците многу полесно може да дојдат до вработување и да ги искористат своите знаења, вештини и компетенции. Дали би сакале да научите интересна, динамична и стимулативна работа со која чесно ќе се вработите и брзо ќе напредувате во кариерата? За Вас тогаш вистинскиот избор е обуката за управување со проекти.

Оваа обука ќе Ви овозможи да ги совладате вештините на управување со проекти и да ги проширите своите можности за понатамошна работа и кариера.
Во моментот работата проект менаџер е на 4то место помеѓу најбараните работи. Тоа е едно од занимањата каде што,без оглед на економските кризи, се бележи раст на заработката.

ЦЕЛТА БЕЗ ПЛАН Е САМО ЖЕЛБА!!!

 

Главната цел на обуката е слушателите да научат да:

  • дефинираат и испланираат проект, проектни улоги и одговорности
  • направат проектен план
  • одредат најдобра методологија и техники за негово управувањево целост да ги испратат и контролираат сите сегменти на неговата реализација
  • ја средат проектната документација
  • извршат евалуација на резултатите

ОВА ЌЕ БИДЕ МОЈАТА ГОДИНА НА УСПЕХОТ!

Опис на програма:

  • Целите на повиците за проекти
  • Содржина на проектот-ресурси, стратегии
  • Проблеми и потреби
  • Таргет групи
  • Проектни резултати
  • Буџет на проектот
  • Еднаквост на партнери
  • Ризици во работењето
  • Совети за подготовка на проектот
  • Проект менаџмент
  • Методологии
  • Работен пплан на проектот
  • Грантова табела
  • План за комуникација
  • Финансиски менаџмент
  • Евалуација на проектни активности
  • Совети како до успешен проект
  • Правила за имплементирање на ЕУ проекти 2014-2020

 

По завршување на обуката кандидатите се способни да:

  • да дефинираат и испланираат проект, проектни улоги и одговорности
  • да направат проектен план
  • да одредат најдобра методологија и техники за негово управување
  • во целост да ги испратат и контролираат сите сегменти на неговата реализација
  • да ја средат проектната документација
  • да извршат евалуација на резултатите

 

За кого е наменетa обуката? 

  • За посетување на обуката за управуање со проекти не е потребно никакво предзнаење од оваа област
  • Почетници кои сакаат да се занимаваат со водење проекти
  • Невработени луѓе кои сакаат да се преквалификуваат за бараното занимање за да дојдат полесно до работа
  • Вработени, членови на проектни тимови со цел преку стекнатото знаење да станат попродуктивни и да го забрзаат унапредувањето
  • Претприемачи, искусни менаџери и раководители на тимови со цел да ги комплетираат и осовременат своите вештини

 

Времетраењето на програмата: по договор според утврдена динамика.

Почеток на обуката:  Веднаш по формирање на група.

Каде: Во  просториите на  Тренинг центар ЦЕС.

 

Зошто во Тренинг Центар ЦЕС?

  • Затоа што ние Ви ги обезбедуваме сите потребни алатки и матријали за работа бесплатно, затоа што наставата ја држат врвни квалификувани обучувачи кои ви се на располагање и после завршување на обуката за сите прашања и проблеми  и сте со постојан надзор за совет, проверка, корекција и насока на правилна работа;
  • Затоа што Тренинг Центар ЦЕС исто така помага при вработување  на кандидатите коишто ја завршиле обуката и директно посредува помеѓу ученикот и работодавачот бесплатно;
  • Затоа што добивате ваучер од 20% за сите останати обуки кои ги држиме;
  • Попусти 20%; 30%; 40% за пакет обуки.

Обуки

Pages