За проектот

Проектот Пат кон вработување – Развивање нови вештини и знаења за невработените лица организиран од страна на Тренинг центар Ц.Е.С – Македонија и финансиски поддржан од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија – Еразмус+ Програмата прикажува стратешко меѓународно партнерство насочено кон развој на нови вештини на невработени лиза за подобрување на нивните компетенции на пазарот на трудот. Главната цел на Проектот е да се подготви прирачник за подобрување на компетенциите и вештините на невработените лица како подобрување на личниот развој, употреба на информатичка технологија, платформи за маркетинг и претприемништво коишто се во согласност со современите потреби на пазарот на трудот за целите на олеснување на пристапот кон вработувањето.

Проектот е предвиден да реализира неколку конкретни цели во рамките на периодот на реализација како и по реализаицијата на самиот проект. Овие конкретни цели се следните:

  • да се поттикне вработувањето/самовработувањето;
  • да се поттикне иновацијата и креативноста на невработените;
  • да се применува иновативна форма на настава и учење
  • да се развијат вештини во областа на претприемништво, маркетинг и бизнис
  • да се развијат способности на невработените во полето на управување со професионалниот и личниот развој
  • да се поттикнат невработените за претприемачка инизијатива односно за социјално претприемништво;
  • да се поттикнат невработените во делот на креативностаза нови работни места преку примена на интернет и информатички платформи

Невработените лица вклучени во проектот ќе научат:

  • Како да развија лични вештини;
  • како да изработат проектна апликација
  • финансиска анализа на мал бизнис
  • користење на интернет платформи
  • користење на иновативни и претприемнички иницијативи

За целите на реализација на целите на проектот Тренинг центар Ц.Е.С и партнер организациите ќе изработат:

  1. Водич за професионален и личен развој
  2. Водич за проектен менаџмент
  3. Водич за интернет маркетинг
  4. Водич за иновации и претприемништво