Донација на ранци

2023-01-20T19:05:09+01:00

Директорката на Академија ЦЕС, г-ѓа Дијана Зафировска, во придружба на г-ѓа Латифа Демировска и директорката на училиштето г-ѓа Снежана Петреска, донираше училишни ранци во ОУ Климент Охридски – Бутел, за ученици од ранливи категории. Академија ЦЕС, продолжува како општествено одговорна компанија да се грижи и лицата со помалку можности да имаат еднаков пристап до образование.